„Се облекувам за жени, се соблекувам за мажи“ – смешни цитати на славните во врска со сексот

Сексот би требало да е забавен, а колку поопуштени сте со вашиот партнер во врска со сексот, толку подобро.

Smesni-citati-na-slavnite-vo-vrska-so-seksot-01.jpg

Не мора да се грижите дали ќе се посрамотите, затоа што големи се шансите и двајцата да се насмеете после тоа. Славните ги имаат најдобрите, смешни цитати кога станува збор за сексот:

„Не ја исмевајте мастурбацијата, тоа е секс со некого што го сакаш“ – Вуди Ален.

„Сексот е како бриџ. Ако немате добар партнер, подобро е да имате добра рака“ – Вуди Ален

„Жените може да одглумат оргазам. Мажите може да одглумат цела врска“ – Шерон Стоун

„На жените им треба причина за да имаат секс. На мажите им треба само место“ – Били Кристал

„Го знаете оној поглед што ви го даваат жените кога сакаат да имаа секс со вас? Не го знам ниту јас“ – Стив Мартин

„Проблемот е што Господ му дал пенис и мозок на мажот, не но и доволно крв да ги снабдува двете истовремено“ – Робин Вилијамс

„Сексот е едно исполнувачко, убаво и природно искуство, кое се купува со пари“ – Стив Мартин

„Има неколку механички направи кои ја зголемуваат желбата за секс, особено кај жените. Една од нив е Мерцедес Бенз 380SL“ – Лин Лавнер

„Се облекувам за жени, се соблекувам за мажи“ – Енџи Дикинсон

„Пијана жена – отворена врата“ – германска поговорка

„Најдобриот секс што некогаш сум го имала беше со мојот вибратор“ – Ева Лонгорија

„Еднаш водев љубов околу 1 час и 15 минути. Тоа беше ноќта кога го поместуваме часовникот еден час нанапред“ – Гери Шендлинг

„Ако сексот е толку природен феномен, зошто тогаш постојат толку многу книги на темата?“ – Бет Мидлер

„Деца. Не се лесни за гледање. Но, секогаш мора да постои некаква казна за имањето секс“ – Бил Мејер

„Верувам во секс на првиот состанок. Како поинаку би знаела дали вреди да се оди на втор состанок?“ – Џеки Вивер

„Нимфоманка – жена која е опседната со секс исто колку и просечен маж“ – Мињон Меклафлин

„Сексот може да води до многу непријатни нешта, како херпес, гонореја и нешто што се нарекува врска“ – Саша Барон Коен

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава