„Еве ја таа проста земја што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски“ – 17 години од смртта на Анте Поповски

Анте Поповски (1931-2003) е еден од најзначајните македонски поети. Автор е на петнаесетина поетски книги, како и на неколку книги есеи. Во неговиот поетски опус спаѓаат „Одблесоци“ (1955), „Тајнопис“ (1975), „Сина песна“ (1984), „Света песна“ (2001) и „Две тишини“ (2003).

17-godini-od-smrtta-na-Ante-Popovski-01.jpg

На 1-ви октомври се навршија 17 години од смртта на големиот поет.

Во негова чест, се потсетуваме на најубавите стихови на Анте Поповски:

На Големото заминување –

мали се сите неба…

(Кога си далеку)

Ти и не знаејќи околу мене

насели две тишини:

една мала, во која те сонувам

и чекам, и една голема

во која исчезнувам.

Твојот заборав и моето заминување

сега и сам Господ – бог

не може да го спречи.

(Две тишини)

Мојата птица ги покрстува небеските варвари,

светлината ја пресоздава во писмо според кое

бела како коска, студена како кама

– неизвесноста пустоши низ нас …

(Мојата сина птица)

Врз секоја карпа, врз секој камен – некој знак!

Целата татковина – свето и непрочитано писмо.

(Непрочитано писмо)

Сега, легнувајќи во самите корени

на новиот век

се загледуваш во мене

и ги згаснуваш една по една

ѕвездите во моите очи.

(Од сина тишина зборови)

Го преврзуваше сонцето со влажна шамија

И го успиваше крај неа.

Ние, дури чекавме да расцутат овошките,

Таа веќе ги береше плодовите од нив

Полни чинии поставуваше пред нас

И ништо не ја возбудуваше.

Цел живот верував дека е жена

Не знаев дека е Бог

Само тој не копнее по ништо.

(Љубовна)

Еве ја таа проста земја

од дволичен камен

и сонце.

О, еве ја таа проста земја

од грч

и од чекање

Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски

А никој не ја знае.

(Македонија)

17-godini-od-smrtta-na-Ante-Popovski-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава