„Сите животни прашања се решени во филмовите“ – цитати на славните за магијата наречена филм

Филмската уметност останува магија поради која ги лепиме очите за екраните. Многу малку земни задоволства може да се споредат со добриот филм.

Citati-na-poznatite-za-filmovite-01.jpg

Одри Хепберн изјавила дека сè што научила во животот го научила токму од филмовите. Елизабет Тејлор се нервирала од сè, освен од снимањето филмови.

Прочитајте што изјавиле култните луѓе од филмскиот свет за седмата уметност:

„Сите животни прашања се решени во филмовите“ – Стив Мартин

„Времетраењето на филмот мора да биде директно поврзано со издржливоста на човечкиот мочен меур“ – Алфред Хичкок

„Целиот живот е како гледање филм. Само што секогаш стигнуваш десет минути после почетокот и никој не сака да ти го објасни заплетот, туку сам мораш да ги поврзеш точките“ – Тери Прачет

„Сè што научив го научив од филмовите“ – Одри Хепберн

„Уметноста креира грди работи кои честопати, со текот на времето, стануваат убави. Модата, од друга страна, произведува убави работи кои со текот на времето секогаш стануваат грди“ – Жан Кокто

„Битен елемент во секоја уметност е ризикот. Доколку не ризикуваш, како тогаш ќе направиш нешто навистина прекрасно што не е видено претходно?“ – Френсис Форд Копола

„Не верувам во елитизам. Не мислам дека публиката е некоја глупава личност што е на пониско ниво од мене. Јас сум публиката“ – Квентин Тарантино

„Киното е поврзано со она што се прикажува во рамките на платното, но и со она што е надвор од него“ – Мартин Скорсезе

„Не мора да бидете голи за да бидете секси“ – Никол Кидман

„Најдобрата причина за да направите филм е да чувствувате страст кон него“ – Џоди Фостер

„Филмовите се каприц. Публиката навистина сака да ги види во живо глумците на сцената“ – Чарли Чаплин

„Широкиот екран само го прави лошиот филм двојно полош“ – Семјуел Голдвин

„Киното е најубавата измама на светот“ – Жан-Лук Годар

„Оженет сум со театарот, но мојата љубовница е филмот“ – Оскар Вернер

„Глумата е единствената професија во којашто можеш да истапиш напред и да си аплаудираш на себеси“ – Вил Роџерс

„Доколку моите филмови не носат профит, знам дека сум направил нешто правилно“ – Вуди Ален

„Правам филмови кои сакам да ги гледам“ – Нил ЛаБут

„Имам теорија дека филмовите делуваат на нивоата на сонот, каде што се сонувате себеси“ – Мерил Стрип

„Сè ме прави нервозна – освен снимањето филмови“ – Елизабет Тејлор

„Филмовите се еден вид на скапа терапија за мене“ – Тим Бартон

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава