220 снимени песни, дипломиран економист - Факти за најголемиот музички великан на екс-ЈУ просторите, Здравко Чолиќ

Здравко Чолиќ, познат под прекарот Чола со сигурност претставува една од најголемите sвезди на поранешна Југославија.

220-snimeni-pesni-diplomiran-ekonomist-fakti-za-najgolemiot-muzichki-velikan-na-eks-ju-prostorite-zdravko-cholikj-001.jpgфото: oslobodjenje.ba / Инстаграм

Навистина, ретки се оние коишто никогаш не „зашизиле“ на безвременските „Пусти, пусти моду“ и во хор не ги запеале легендарните балади: „Као моја мати“, „Ти си ми у крви“, „Еј драга, драга“...

Тој е човекот кој не залудно го нарекуваат „музикалност во движење“.

Чола е пејач кој непрекинато ја маѓепува публиката со својот маестрален глас, како и со неговата уникатна појава која во најмала рака не може да биде ископирана.

Неговите многубројни песни го пронаоѓаат патот до слушателите од најразлични генерации и веќе со децении докажуваат дека квалитетот и автентичноста траат вечно.

Во продолжение ви издвојуваме повеќе факти за животот и музичкото творештво на овој неповторлив маестро:

1. Здравко Чолиќ е роден на 30 мај, 1951 година во Сараево

Тој израснал во скромно семејство каде неговиот татко бил полицаец, додека неговата мајка била домаќинка.

Во раното детство Чола го обожавал спортот, бил голман и се занимавал со атлетика, каде на еден натпревар го освоил второто место.

Исто така тој имал големи афинитети кон глумата, што ни дава кристална слика зошто неговите спотови се едни од најквалитетните на овие простори.

220-snimeni-pesni-diplomiran-ekonomist-fakti-za-najgolemiot-muzichki-velikan-na-eks-ju-prostorite-zdravko-cholikj-2.jpg
фот
о извор

2. Музиката за него била само хоби

Верувале или не, овој легендарен музичар воопшто не замислувал дека токму музиката ќе биде неговата животна преокупација. Во младоста тој на неа гледал како едно обично хоби. 

Чола свирел гитара на собири со неговите пријатели, но сѐ што изведувал било чисто „за негови уши“.

На инсистирање на еден негов пријател, тој се пријавил на локален конкурс за пејачи-аматери во Бијела, каде што ја извел песната Lady Madonna од Битлси и го освоил второто место.

Токму овој успех го охрабрил да продолжи поактивно да се занимава со музиката.

3. Бил член во повеќе бендови

Пред да застане на свои нозе и да ја започне самостојната кариера, Чола имал повеќе обиди да се пронајде себеси во различни бендови.

Прво се приклучил на групата „Млади и љепи“, а потоа во 1969 година во бендот „Амбасадори“. Таму го запознава влијателниот Корнелије Ковач и всушност оттука започнува неговиот пат кон славата.

По неуспешните обиди во групата „Корни“, Чолиќ настапува на музички фестивал во Сараево, каде освојува трета награда.

4. Настапи на Евровизија со песната „Гори ватра“

Откако практично почнува да се протнува во светот на јавноста, Чола во 1973 година со песната „Гори ватра“ ја претставува Југославија на Евровизија.

Потписник на ова маестрално музичко парче е извонредниот Кемал Монтено.

Иако на самиот евровизиски натпревар песната не се здобила со висок пласман, истата станала голем хит во Југославија.

5. Чола ги прекратил почетоците на својата светска кариера

Откако ја започнал својата соло-кариера, тој потпишал договор со германската музичка куќа WEA и за странскиот пазар снимил два сингла.

Но, за брзо време Чолиќ решил на овие рани почетоци да стави точка, бидејќи во никој случај не се пронаоѓал себеси со животот во Германија.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)? Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава