220 снимени песни, дипломиран економист - Факти за најголемиот музички великан на екс-ЈУ просторите, Здравко Чолиќ

6. Од 1975 година до денес Чола има вкупно 15 студиски албуми

Неговиот прв албум од 1975 година е наречен „Ти и ја“, додека неговиот засега последен „Оно мало срече“, од 2017 година.

Неофицијално потврдено, извонредниот Чола досега има снимено околу 220 песни.

7. Неговиот музички хит „Друже Тито ми ти се кунемо“ е продаден во повеќе од 300.000 примероци

Имено, на Југословенскиот фестивал на револуционерни и патриотски песни во Загреб во 1977 година, тој настапил со идниот најпродаван сингл за кој се кренало огромна прашина.

8. Здравко Чолиќ е дипломиран економист

Тој бил одличен ученик и во основно и во средно училиште, а за магистерската диплома пропуштил само два испита. Негови блиски луѓе велат дека често се случувало да учи наутро, а да настапува навечер.

Кога дипломирал, Даворин Поповиќ од Индекси му дал леб завиткан во целофан, велејќи дека тој е сега „свој човек“, затоа што имал леб во рацете.

9. Чола е еден од ретките кој води хармоничен и мирен приватен живот

И покрај фактот дека тој е еден од најголемите везди на овие простори, оние кои го познаваат приватно велат дека Чола е сосема природен и опуштен, народен човек.

Податоците за неговата кариера лесно испливаа на површина, но сепак тој не дозволи истото да се случи со неговиот приватен живот.

Чолиќ е во брак околу 20 години со неговата избраничка Александра Чолиќ, со која имаат две прекрасни ќерки, Уна и Лара.

220-snimeni-pesni-vkupno-15-studiski-albumi-fakti-za-najgolemiot-muzichki-velikan-na-eks-Ju-prostorite-edinstveniot-Zdravko-Cholikj 07 630x420.jpg

10. Еден од најголемите заводници на екс ЈУ просторите

Чола е познат како заводник, а срцата на неговите верни обожавателки, млади или стари, сè уште треперат од спомнувањето на неговото име.

Симболот на вечен заводник е докажан на еден морничаво непријатен настан, кога една од обожавателките на Здравко ја нападнала неговата сопруга Александра и со нож ѝ го изгребала лицето, но за огромна среќа таа успеала да избега во последната секунда.

Покрај овој исклучително непријатен инцидент, сопругата на Чола никогаш не била љубоморна на неговите обожаватели.

Поради обилното музичко портфолио, навистина е тешко да се издвојат неговите најдобри песни, бидејќи секоја од нив со себе носи посебна, магична приказна.

Затоа, во продолжение ви подготвивме музички предлог од неколку песни на великанот Чола, во чие слушање со сигурност ќе уживате:

„Ти си ми у крви“, 1980 година

„Ти можеш све, ал једно не“, 1984 година

„Тебе чувам за крај“, 2018 година

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)? Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава