„Најлошата работа кога сте славен е тоа што луѓето се секогаш фини со вас“ – Цитати на неповторливиот Ал Пачино

Вистинска холивудска легенда која не се предава и после 80 години. Ал Пачино, номиниран за Оскар дури 9 пати во својата кариера и добитник на еден во 1993 година за прекрасниот филм Scent of A Woman.

Citati-na-Al-Pachino-01.jpg

Доколку би требало да ги издвоиме најдобрите филмови на еден од најталентираните актери на сите времиња, дефинитивно ќе ни требаат повеќе од десетина редови текст. 

Култната трилогија The Godfather, Scarface, Serpico, Heat, Insomnia, The Devil’s Advocate, The Irishman… се само дел од насловите кои не смеете да ги пропуштите.

Но, дали сте знаеле дека Ал Пачино ја започнал кариерата како комичар? Впрочем, откако ќе ги прочитате неговите најпознати цитати ќе добиете уште поцелосна слика за човекот, актерот и генијот:

Не ми требаат телохранители. Јас сум од јужниот дел на Бронкс.

Суетата е мојот омилен порок.

Лесно е да се прелаже окото, но тешко да се прелаже срцето.

Дали знаете дека започнав да работам како стенд-ап комичар? Луѓето не ми веруваат кога ќе им го кажам тоа. Јас себеси се доживувам токму така – како комичар.

Во Америка генерално живеат луѓе кои се полу Италијанци. Јас сум 100% Италијанец.

Јас секогаш ја кажувам вистината. Дури и кога лажам.

Драмите на Шекспир содржат многу повеќе насилство од Scarface.

Сите сакаат внимание, само што славните понекогаш немаат навистина граници.

Најлошата работа кога сте славен е тоа што луѓето се секогаш фини со вас. Додека зборувате сите се согласуваат со вашето мислење, макар и да кажете нешто целосно откачено. Потребни ви се луѓе што ќе ви го кажат она што не сакате да го слушнете.

Јас сум глумец, а не ѕвезда. Ѕвездите живеат во Холивуд и имаат базени во облик на срце.

Раните кои ги нанесуваат блиските луѓе не може да ги излекува никој. Тие знаат каде точно ве повредиле.

Како што човек старее и станува помудар, има сè помала желба да се расправа за небитни работи. Едноставно има желба да стане, да му посака сè најдобро на соговорникот и да си замине.

Во животот се глуми, во уметноста се пронаоѓа вистината.

Мојот проблем е, претпоставувам, начинот на којшто се изразувам. Морате да поминете 50 години со мене пред да сфатите за што точно зборувам.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...

Најчитани неделава