Не оставаат бакшиш и уште 12 работи по кои Јапонците се разликуваат од останатите народи
Некултурно е во јавниот превоз да му го дадете своето место некому затоа што со тоа ја нагласувате неговата слабост, но затоа пак секаде има специјално означени места за стари лица и лица со посебни потреби.

Јапонците се посебен свет со уникатни правила на функционирање. Многу работи таму се поразлични отколку во останатите земји во светот.
Факти за Јапонците:
Туристите ќе ги познаете и по позата на телото, нешто што локалците го нарекуваат „грб на мачка“, додека Јапонците обрнуваат многу големо внимание на држењето на телото и секогаш се исправени.

Јапонците користат помалку парфеми од другите нации и на прво место им е хигиената и мирисот на чистота.

Јапонките, особено постарите, се облекуваат поконзервативно, па не носат голи раменици и длабоко деколте, плус се покриваат со облека за кожата да не им биде изложена на сонцето.

Чевлите мора да ги соблечете, а во домовите имаат посебни влечки за во тоалетите затоа што целиот дом го сметаат за чисто место, а тоалетот за „нечисто“.

Редовна практика е Јапонците да ги кријат тетоважите, тие таму не се толку опуштени како кај нас, па ставаат специјални фластери на нив кога одат на работа или некое јавно место.
Сепак, и кај нас на некои работни позиции тетоважите се недозволени и вработените ги прикриваат, но во Јапонија тоа е почест случај.

Не одобруваат близок контакт со телото, па при средби не сакаат прегратки и бакнежи, најприфатлив физички контакт им е ракување.

На улиците ако пронајдете изгубени клучеви, очила за сонце и слично не смеете да ги земате за да го барате сопственикот, треба да ги оставите или само да ги ставите на повидно место за тој сам да ги пронајде, а во случај да има многу вредни предмети, тогаш треба да ги однесете во полиција.

Уште 6 работи на следната страна...
Би можело да ве интересира:
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното)
„Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело
Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...