Не оставаат бакшиш и уште 12 работи по кои Јапонците се разликуваат од останатите народи
Не е препорачливо да се јаде и пие на јавни места – иако не е строго забрането сепак тие се многу чувствителни за чистотата, па се загрижени дека тој што пие/јаде ќе остави отпад зад себе.
Сепак, во последно време младите Јапонци почнаа да ужинаат при движење, но со голема претпазливост

Некултурно е во јавниот превоз да му го дадете своето место некому затоа што со тоа ја нагласувате неговата слабост, но затоа пак секаде има специјално означени места за стари лица и лица со посебни потреби.

Во Јапонија таксистот ќе ви ја отвори вратата од возилото.

Оставањето бакшиш не е практика во Јапонија затоа што услугата е на врвно ниво и се знае дека работниците во услужната дејност даваат сѐ од себе, па не им е потребна дополнителна мотивација, само треба културно да им се заблагодарите.

Не треба да зборувате гласно на телефон на јавно место, а соседите во Јапонија може дури и да ви изреагираат ако многу доцна навечер го користите тоалетот, до толку се чувствителни на звуци.

Не е редновна практика јавно да покажувате емоции на припадници на спротивниот пол, а пријателствата помеѓу мажите и жените не се многу чести, дури до 8-9 годишна возраст девојчињата и момчињата многу се срамат од спротивниот пол и при тимски активности дури седат на различни страни.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното)
„Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело
Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...