„Повеќе сакам да плачам во Ролс Ројс отколку да се смеам на велосипед“ – факти за Патриција Реџани, жената која го нарачала убиството на наследникот на Гучи

Ридли Скот го снима неговиот најнов филм House of Gucci, а локацијата е апсолутно логична, домот на познатиот моден бренд – прекрасната Италија. Првите фотки се неверојатни, во главните улоги се Лејди Гага и Адам Драјвер кои во една од сцените позираат на скијање на величествените Алпи.

Fakti-za-Patricija-Redzani-01.jpg

Во случај да не ја знаете приказната, во филмската драма на Скот Ридли, режисерот се фокусира на случајот со Патриција Реџани, која најмила платен убиец за да го убие нејзиниот поранешен сопруг, наследникот на Гучи, Маурицио Гучи, во 1995 година, откако тој ја оставил за помлада жена.

Fakti-za-Patricija-Redzani (1).jpg

Патриција, која уште ја нарекувале и „Црна вдовица“, имала навистина неверојатен живот:

1. Патриција и Маурицио стапиле во брак во 1973 година. Двојката поседувала луксузна вила во Сент Мориц, огромен апартман во Олимписката кула на Менхетен и јахта со должина од 64 метри. Тие имале и вила во Акапулко, Мексико, нивна сопствена фарма во руралниот дел од Конектикат како и неколку приватни острови во нивна сопственост.

Патриција месечно трошела повеќе од 8.000 фунти само на орхидеи. Обожавале да организираат тематски „колоритни“ забави за нивниот круг на блиски луѓе, вклучително и оние од кланот на Кенеди, а облеката, декорацијата и храната биле сите во нивната омилена боја – портокалова.

Fakti-za-Patricija-Redzani (4).jpg

Fakti-za-Patricija-Redzani (5).jpg

Fakti-za-Patricija-Redzani (6).jpg

2. Откако ја осудиле за учество во убиството на нејзиниот сопруг, Патриција добила 29-годишна затворска казна. „Спиев многу“ изјавила таа за времето поминато во затвор. „Се грижев за своите растенија, се грижев и за Бамби“ (нејзиното милениче-ласица).

Нејзиниот адвокат изјавил дека Патриција имала право да ја чува Бамби во нејзината ќелија, што било посебна привилегија. Ова на крајот се покажало како не толку добро решение затоа што Бамби починала откако некој затвореник случајно седнал врз неа.

Fakti-za-Patricija-Redzani (7).jpg

3. По ослободувањето од затворот Сан Виторе, Патриција повторно им станала омилена тема на таблоидите. Во еден момент, некој од новинарите ја запрашал: „Патриција, зошто изнајми убиец за да го убие Маурицио Гучи? Зошто самата не го застрела?“ на што таа одговорила: „Видот не ми е толку добар – не сакав да го промашам“.

Во неодамнешниот документарен филм за нејзиниот живот, таа дала дополнителен увид во нејзиниот избор да ангажира некого за да го убие поранешниот сопруг.

„Бев бесна на Маурицио. Се провртев наоколу, прашувајќи ги сите, па дури и локалниот бакал, има ли некој што има храброст да го убие мојот сопруг?“ На крајот, нејзината гатачка ја донела до сопственикот на пицеријата Бенедето Серауло, кој имал долг, и прифатил сума од 250.000 фунти за да го стори делото.

Fakti-za-Patricija-Redzani (8).jpg

4. Во текот на годините, Патриција изјавила дека истовремено го сака и го презира затворот, во зависност од нејзиното расположение, иако таа одбивала да го употреби зборот „затвореник“ за да се опише себеси.

Таа, сепак, го одбила правото на условно ослободување, затоа што тоа подразбирало дека таа треба да се вработи. „Никогаш не сум работела во мојот живот и немам намера да започнам сега“, изјавила Патриција пред италијанскиот суд.

„Повеќе сакам да плачам во Ролс Ројс отколку да се смеам на велосипед“.

Fakti-za-Patricija-Redzani (2).jpg

5. И после сите овие години, Патриција се смета себеси за дел од фамилијата Гучи и посакува да има некаква креативна улога во модната куќа. „Ним ми требам“, изјавила таа за едно интервју во „Ла Република“.

„Јас сè уште се чувствувам како Гучи – всушност, најмногу Гучи од сите“. Доколку бидеме фер, таа инсистирала да биде облечена во Гучи од глава до пети на Гучи во текот на судењето за убиството на поранешниот сопруг.

Fakti-za-Patricija-Redzani (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава