Кои 10 други држави го сменија името покрај Македонија?

Горна Волта го смени името во Буркина Фасо

За да ја прослави 20-годишнината од својата независност, Републиката Горна Волта беше преименувана во Буркина Фасо, што во буквален превод на локален јазик значи „Земја на исправени луѓе“. Промената е направена во 1984 година, заедно со измената на знамето и химната.

koi-drugi-10-drzavi-go-smenija-imeto-pokraj-makedonija-07.JPG

Бурма го смени името во Мјанмар

Во 1989 година, водечката воена влада на земјата беше решена да го смени името од Бурма во Мјанмар од неколку причини, вклучувајќи го и фактот дека на бурмански (или мјанмарски) јазик, името на државата е Мјанма. 

Сепак, не сите се согласуваат со оваа одлука. Поради оваа причина, некои делови од светот сè уште инсистираат оваа азиска земја да ја нарекуваат Бурма.

koi-drugi-10-drzavi-go-smenija-imeto-pokraj-makedonija-08.JPG

Сијам го смени името во Тајланд

Промената на името на Сијам во Тајланд е од поодамна. Одлуката е донесена во 1939 година од страна на тогашниот премиер. Ова било дел од неговиот план да ја модернизира државата, притоа помагајќи им на жителите да го зачуваат нивниот уникатен идентитет.

koi-drugi-10-drzavi-go-smenija-imeto-pokraj-makedonija-09.JPG

Германска Југозападна Африка го смени името во Намибија

Земјата била германска колонија до 1919 година, па оттаму и името. Потоа била под власт на Јужна Африка, за во 1990 да ја стекне својата независност. Тогаш Германска Југозападна Африка била преименувана во Намибија. Нешто подоцна, имињата на градовите и регионите што биле на германски јазик исто така се смениле. Предлогот воопшто не им се допаднал на граѓаните, бидејќи тие веќе биле навикнати на старите имиња.

koi-drugi-10-drzavi-go-smenija-imeto-pokraj-makedonija-10.JPG

Зелено’ртски Острови препорачала името секаде да биде Република Кабо Верде

Оваа неодамнешна промена на Зелено’ртските Острови се случи во 2013 година. Имено државата усвоила уредба со која препорачала да не се преведува името на држвата на странски јазици. Па затоа, денес Зеленор'тските Острови (преведено на македонски) ги нарекуваме Кабо Верде.

koi-drugi-10-drzavi-go-smenija-imeto-pokraj-makedonija-11.JPG

Слободна Ирска Држава го смени името во Ирска

Во 1937 година, со намера да ги отстрани сите врски со Обединетото Кралство (со кое земјата имаше жестока војна во времетраење од 2 години), Слободна Ирска Држава стана Ирска, или Éire на локалниот ирски јазик.

Koi-10-drugi-drzavi-go-smenija-imeto-pokraj-Makedonija (11).jpg

(О)Милена | Црнобело / Извор / Фото: depositphotos



Би можело да ве интересира:

Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
Најголемиот се гледа од вселената и уште 8 забавни факти за коралните гребени Со нивниот калеидоскоп на бои и раздвижениот морски живот, коралните гребени со ...
10 факти за Сончевиот систем кои звучат нереално Просечната температура на Тритон – една од месечините на Нептун – изнесува -235 ...
Факти за Јури Гагарин, првиот човек кој отишол во вселената - Некои веруваат дека е убиен од Советск... Знаевте ли дека Јури Гагарин бил висок само 157 сантиметри? Но, токму ова му пом...
Луѓето јадат глина, најголемиот град има популација како цела Македонија: 10 интересни факти за Каза... Казахстанскиот јазик и култура се длабоко вкоренети во идентитетот на земјата, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg