Станал татко на 18 години, како тинејџер имал постери од Меган Фокс - Факти за Машин Ган Кели

Мајка му го напуштила во детството, во тинејџерските денови сакал да се ожени со Меган Фокс, а станал татко на 18 години – факти за Машин Ган Кели, момчето за кое Меган го остави својот сопруг со кој има 3 деца.

Kako-tinejdzer-sonuval-za-Megan-Foks-kjerkata-mu-e-glaven-prioritet-Pomalku-poznati-fakti-za-Mashin-Gan-Keli-01.jpg

Машин Ган Кели ја потврди својата романса со Меган Фокс откако беа забележани како се држат за раце и се бакнуваат во јуни 2020. Претходно таа година, Фокс се раздели со нејзиниот долгогодишен партнер Брајан Остин Грин, со кого има 3 деца.

Меган и Машин Ган за првпат се појавија заедно на црвениот тепих како двојка во ноември 2020-тата година на American Music Awards и оттогаш постојано се заедно: страсно се бакнуваат на настани, носат ист маникир, разменуваат нежности во јавност.

Kako-tinejdzer-sonuval-za-Megan-Foks-kjerkata-mu-e-glaven-prioritet-Pomalku-poznati-fakti-za-Mashin-Gan-Keli-02.jpg

Во интервју за GQ со поранешен соученик на Машин Ган, Весли Лоуери, се открива дека раперот уште како средношколец бил вљубен во актерката која тогаш била мошне популарна со улогата во филмот Transformers.

„Најмалку еден соученик се сеќава дека Машин Ган Кели тврдел дека еден ден ќе се ожени со неа“ – стои во написот.

Машин Ган Кели и самиот си призна дека во неговата соба имал постер од неговата сегашна девојка и тоа постерот што таа го направила за GQ каде држи цреша во устата.

Kako-tinejdzer-sonuval-za-Megan-Foks-kjerkata-mu-e-glaven-prioritet-Pomalku-poznati-fakti-za-Mashin-Gan-Keli-05.jpg

Инаку, вистинското име на Машин Ган Кели е Ричард Колсон Бејкер. Неговото уметничко име е во чест на брзиот тек на лириката, но и на озлогласениот американски гангстер Џорџ Барнес „Машин Ган Кели“, кој бил затворен во Алкатраз.

Kako-tinejdzer-sonuval-za-Megan-Foks-kjerkata-mu-e-glaven-prioritet-Pomalku-poznati-fakti-za-Mashin-Gan-Keli-03.jpg

Уште неколку факти за Машин Ган Кели во продолжение:

Станал татко на 18 години

Тој е роден на 22-ри април 1990–та година и во моментов има 31 година.

Машин Ган Кели има 12-годишна ќерка која се вика Кaси, родена на 23-ти јули 2008 од претходната врска со Ема Канон. Тој станал татко кога имал само 18 години. Кога станува збор за неговиот семеен живот, раперот ретко говори во јавност.

https://www.instagram.com/p/CQeY9L7pvlj/?utm_source=ig_web_copy_link

За него се знае дека имал мошне тешко детство, но оттогаш очигледно нештата во голема мера се промениле: ја има девојката од неговите соништа, има прекрасна ќерка и секако, успешна кариера. Се претпоставува дека тој во моментов тежи околу 8 милиони долари.

Неговите родители биле мисионери што патувале често

Тој бил роден во Хјустон, Тексас, а неговите родители биле мисионери што често патувале (од Египет до Германија, но и низ САД). Конечно се одлучиле да се сместат во Денвер, па оттаму во Кливленд, каде Кели одел во средно училиште и каде првично почнал да рапува, да објавува свои касети и да настапува во локали.

Но, на семеен план нештата воопшто не биле добри. Ситуацијата дополнително станала тешка откако неговата мајка без никаква претходна најава одлучила да си замине и да ги напушти него и татко му.

Kako-tinejdzer-sonuval-za-Megan-Foks-kjerkata-mu-e-glaven-prioritet-Pomalku-poznati-fakti-za-Mashin-Gan-Keli-04.jpg

Тој се појави официјално на музичката сцена во 2012-тата година кога го објави неговиот деби албум Lace Up. Оттогаш се стекна со светска слава.

Во постојана кавга е со Еминем

Оние што ја следат музиката на Машин Ган Кели знаат дека во 2018-тата година Машин Ган Кели ја објави песната Rap Devil која во целост е насочена кон Еминем.

Оваа песна беше одговор на постојаните прозивки на Еминем во неговиот ненадеен албум Kamikaze. Инаку, кавгата меѓу Еминем и Машин Ган Кели трае години наназад. Во 2012-тата година Машин Ган Кели објавил твит за ќерката на Еминем, Хејли, во кој што напишал дека е „многу згодна“.

По ова, младиот рапер призна дека му бил забранет пристап до радио-станицата Shade 45, која е во сопственост на Еминем.

Ако мислевте дека Машин Ган Кели го имал последниот збор, се лажете, рап-ветеранот една недела по Rap Devil, одговори со нова песна, насловена Killshot.

Најавени идни проекти со ќерка му

Машин Ган Кели е целосно посветен на неговата ќерка Каси, па во 2017-тата година објави песна за неговото девојче, насловена  At My Best.

Во најава е нивни заеднички филмски проект, каде тие двајцата заедно ќе настапуваат со Кевин Бејкон и Тревис Фимел. Филмот ќе биде за човек што се впушта во бегство по неуспешен грабеж.

https://www.instagram.com/p/CEKikkmpFD-/?utm_source=ig_web_copy_link

Уште еден интересен факт за него, што можеби сте го забележале од фотографиите - со височина од 192 cm, Машин Ган Кели е еден од највисоките рапери во индустријата.

Настапува заедно со Тревис Баркер

На социјалните мрежи често може да се забележат нивни заеднички фотографии.

Во продолжение погледнете го и каверот на песната Misery Buisness од Paramore со Тревис Баркер:

Прочитајте и Со Кортни Кардашијан направи „порно“ фотка, имал 27 операции: Факти за Тревис Баркер, новиот дечко на Кортни

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg