Со Кортни Кардашијан направи „порно“ фотка, имал 27 операции: Факти за Тревис Баркер, новиот дечко на Кортни

Травис Баркер деновиве постојано се појавува во медиумите како новото момче на Кортни Кардашијан. Сите се согласни: Кортни и Тревис се „вљубени до уши“ – постојано споделуваат нови и нови фотографии со кои ја искажуваат љубовта еден кон друг. 

Preziveal-avionska-nesrekja-ima-dve-golemi-deca-koj-e-Trevis-Barker-noviot-dechko-na-Kortni-Kardashian-so-kogo-objavuva-razgoleni-fotki-01.jpg

Последната фотка што Кортни ја објави со него е навистина смела и со брзина на светлината ги обиколи светските медиуми.

За него знаеме дека е тапанар во бендот Blink 182, но кои се другите поинтересни детали за него што ни се помалку познати?

1. Тревис е татко на две (големи) деца

Тревис има две деца од неговиот претходен брак со Шана Моаклер. Тревис и Шана се разведоа во 2008-мата година, а тој е татко на 17-годишниот Ашер Баркер и 15-годишната Алабама Луела Баркер.

Освен тоа, Тревис се однесува како да е татко и на детето од претходниот брак на Шана, 21-годишната Атиана Дела Хоја.

2. Тревис и Кортни се соседи

Ако се прашувате каде се запознале, тогаш одговорот е мошне едноставен – тие се соседи. Според пишувањата во медиумите, Кортни (41) и Тревис (45) биле пријатели со години. Тие живееле заедно во Калабасас, Калифорнија уште пред областа да стане област на познатите и славните.

Низ годините заедно оделе на ручеци, во црква, се дружеле, па дури и вежбале заедно. Се смета дека ова пријателство прераснало во љубовна врска на почетокот на оваа година, а двајцата објавија дека се заедно пред Денот на вљубените.

kortni-travis.jpg

3. Бил дел од реалното шоу Keeping up with the Kardashians

Оние што редовно го следат реалното шоу Keeping up with the Kardashians знаат дека Тревис се појавувал во повеќе епизоди, на забави, а во една епизода се јавува во семејниот дом и Кортни ја објасни нивната врска:

„Нашиот сосед и пријател, Тревис Баркер, одлучил да дојде затоа што неговите деца и моите деца се добри пријатели“ - појасни таа во епизодата од 2017-тата година.

4. Преживеал авионска несреќа во 2008-мата

Пред да ја запознае Кортни и нејзиното семејство и пред воопшто светот да дознае за нив, Тревис беше мошне популарен со бендот Blink 182. Тој преживеа авионска несреќа во 2008-мата година. Тревис и неговиот пријател Адам Голдстајн се единствените двајца преживеани од шесте лица кои биле во авионот во тој момент.

Тревис успеал да излезе од авионот пред тој да експлодира. По ова тапанарот поминал 27 операции откако во несреќата се здобил со изгореници на околу 65 отсто од неговото тело.

avionska-nesrekja-trevis.jpg

5. Тревис е веган

Иако можеби не ви изгледа така на прв поглед, но Тревис по авионската несреќа одлучил да го промени начинот на живот и да стане веган. Тој појаснува дека овој начин на исхрана му овозможува да има многу повеќе енергија:

„Можам цел ден да работам и да не се изморам. Не е важно каков вид на шоу сум сработил, или што сум вежбал, сѐ уште имам сила да се натерам себеси да заспијам навечер“ - вели тој.

trevis.jpg

Уште 4 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја тера да трча маратон, не прави ништо без него: Дали Тревис ја контролира (и изневерува) Кортни Ка... „Се облекува како него, сака постојано да биде со него. Прави сè што прави тој, ...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава