Првите чевли со високи потпетици биле носени од мажи – забавни факти во кои ќе ви биде тешко да поверувате
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
продавач 17-09-2021


Првите чевли со високи потпетици биле носени од мажи – забавни факти во кои ќе ви биде тешко да поверувате

Што мислите, колку трае најкраткиот комерцијален авионски лет? А, колку мислите дека траела најкратката војна во историјата на човештвото?

prvite-chevli-so-visoki-potpetici-bile-noseni-od-mazhi-zabavni-fakti-vo-koi-kje-vi-bide-teshko-da-poveruvate-01.jpg

Дури и кога сметате дека сте слушнале сè, секогаш има понекој факт што ќе ве убеди во спротивното.

Ако сте расположени да научите нешто ново, тогаш сигурно ќе ви се допаднат следниве забавни факти:

1. Најкраткиот комерцијален авионски лет трае само 57 секунди и е помеѓу два острови во Шкотска.

2. Рој Суливан го држи светскиот рекорд за човек кој преживеал најмногу удари од гром – дури седум.

prvite-chevli-so-visoki-potpetici-bile-noseni-od-mazhi-zabavni-fakti-vo-koi-kje-vi-bide-teshko-da-poveruvate-02.jpg

3. Ако маж направи тест за бременост со урина и добие позитивен резултат, најверојатно има рак на тестисите. Секако, не треба да ве паничи ова - разговарајте со стручно лице.

4. Цели 20 години, градоначалникот на гратче во Алјаска бил мачорот Стабс. Тој бил „избран“ во 1997 година, и си ја задржал позицијата сè до 2017 година.

prvite-chevli-so-visoki-potpetici-bile-noseni-od-mazhi-zabavni-fakti-vo-koi-kje-vi-bide-teshko-da-poveruvate-03.jpg

5. Во 2002 година, 51-годишниот Мајк Мекдермонт добил лото двапати во една година. Она што е најчудното е што двапати играл со истите броеви.

6. Ајкулите се постари од дрвјата – тие постоеле уште пред повеќе од 450 милиони години, а дрвјата постојат околу 350 милиони години.

prvite-chevli-so-visoki-potpetici-bile-noseni-od-mazhi-zabavni-fakti-vo-koi-kje-vi-bide-teshko-da-poveruvate-04.jpg

7. Според извештај од World Wildlife Federation од 2018 година, човештвото има уништено околу 60% од популацијата на животни, и тоа само од 1970-та до денес.

8. Првите чевли со високи потпетици биле наменети за мажи. Чевлите ги носеле мажите од Персија во 10-тиот век, најчесто за јавање.

prvite-chevli-so-visoki-potpetici-bile-noseni-od-mazhi-zabavni-fakti-vo-koi-kje-vi-bide-teshko-da-poveruvate-05.jpg

9. Највисоката температура што успеале да ја создадат научниците на Земјата е 2 милијарди Келвини, односно околу 1,9 милијарди степени Целзиусови. Температурата е постигната во Sandia National Laboratories со помош на машината Z, која е дизајнирана за тестирање материјали во услови на екстремни температура и притисок.

10. Најкратката војна во историјата на човештвото траела само 38 минути. Станува збор за конфликт помеѓу Англија и Занзибар во 1896 година.

prvite-chevli-so-visoki-potpetici-bile-noseni-od-mazhi-zabavni-fakti-vo-koi-kje-vi-bide-teshko-da-poveruvate-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Да танцуваме пред нашите стравови“ – моќни цитати за уште помоќни жени Ни треба охрабрување. Ни треба постојано потсетување кои сме, колку сме вредни и...
10 чекори до среќа од руски психолог: „Рутината не е секогаш лоша“ Зошто сме несреќни, кои се препреките на кои наидуваме на патот кон среќата и ка...
Има 97 години, преферира животни наместо луѓе: 10 работи кои не ги знаете за омилената баба во Холив... Бети Вајт на сите им е омилена баба во Холивуд, има 97 години, кралица е на коме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg