Сака да провоцира, направи фотосесија со труднички стомак – факти за контроверзниот Lil Nas X
Во 2020 година, односно уште на почетокот од кариерата, Lil Nas X освои две Греми награди – за најдобар музички спот и најдобар дует.
Во 2020-та, тој се најде и на уште една листа на TIME – „30 под 30“ – која се однесува на луѓе кои постигнале значителен успех уште пред да наполнат 30 години.
Во јануари годинава, тој издаде и книга за деца насловена C is for Country. Наводно, моментално книгата е една од најпродаваните книги за деца ширум светот.
Покрај фотосесијата со трудничкото стомаче, раперот имa уште еден контроверзен настан. Во март годинава тој почна да продава линија патики, познати како Satan Shoes. Патиките што ги продаваше се всушност модифицирани Nike патики, на кои раперот испишал цитат од Библијата со крв (наводно човечка). Раперот направи 666 пара патики и ги продаваше по цена од 1.018 долари. Нормално, од Nike покренаа тужба, па патиките беа повлечени од продажба.
Раперот има направено и бизарна видео игра, достапна и за смартфони. Играта се вика Twerk Hero и, како што кажува самиот наслов, вклучува „тверкање“. Главен лик во играта е самиот Lil Nas X, а играчот треба да го контролира да тверка според музиката vо позадина.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з...
Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега
Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...