Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тетоважите на дланките избледуваат најбрзо и уште 7 забавни факти за тетовирањето

Знаевте ли дека тату-артистите користат по неколку игли за една тетоважа, дури и кога ја прават само со црна боја? А, сте слушнале ли дека најстарата тетоважа датира од пред 5.000 години?

najstarata-tetovazha-datira-od-pred-5-000-godini-zabavni-fakti-za-tetoviranjeto-01.jpg

Тетовирањето е трајно украсување на телото со разни мотиви и постои уште од почетоците на човечката цивилизација.

Во некои култури тетоважите се дел од нивните традиции и неретко имаат религиозна симболика, а во модерното општество најмногу се гледаат како начин за себеизразување.

Тетоважите можат да бидат симболични, да кријат некоја приказна, но и да бидат само како украс на телото.

Во продолжение неколку забавни факти за оваа уметност:

Тетоважите постојат уште од почетоците на цивилизацијата

Најстарата тетоважа што е најдена досега се наоѓа на мумифицираното тело на маж познат како Otzi the Iceman, за кого се претпоставува дека умрел помеѓу 3370 и 3100 година п.н.е.

Тетовирањето било дел и од културата на древен Египет, од каде што се најдени неколку женски мумии со тетоважи кои умреле пред околу 4.000 години.

Тетоважите имале различно значење во различни (древни) култури – некаде биле статусен симбол, некаде биле како обележје за затвореници, а во некои култури се тетовирале и симболи за кои народот верувал дека носат среќа и ги штитат од зло.

najstarata-tetovazha-datira-od-pred-5-000-godini-zabavni-fakti-za-tetoviranjeto-02.JPGДел од тетоважите на моделот направен според Otzi

Најстарите тетоважи се правеле со јаглен

Според истражувањата направени на мумифицираното тело на Otzi, неговите тетоважи биле направени со помош на јаглен. Односно, прво му биле направени мали засеци на кожата кои потоа биле триени со јаглен.

Поради овој процес, некои експерти веруваат дека тетовирањето можеби било дел од некаква терапија, наместо само украсување на телото.

najstarata-tetovazha-datira-od-pred-5-000-godini-zabavni-fakti-za-tetoviranjeto-03.JPG

Првиот прототип за машинка за тетовирање е направен од Томас Едисон

Модерните машинки за тетовирање се инспирирани од изум на Томас Едисон од 1876 година. Својот изум Едисон го нарекол „електрично пенкало“ и бил наменет за копирање илустрации и документи.

Користејќи го изумот на Едисон, американскиот тату-артист Семјуел Ф. Орајли ја направил првата електрична машинка за тетовирање, која со текот на времето била модифицирана и усовршувана.

Опремата што ја користи тату-артистот е многу важна

Кога станува збор за тетовирање, не е важен само талентот на артистот, туку и опремата што ја користи.

Денес постојат секакви бои за тетоважи, па важно е да одите кај артист кој се разбира во тоа и користи само квалитетни материјали.

Многу е важно салонот да ги исполнува и стандардите за хигиена ако сакате да избегнете проблеми како инфекции и воспаленија.

najstarata-tetovazha-datira-od-pred-5-000-godini-zabavni-fakti-za-tetoviranjeto-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Детали од животот на Европјаните во минатото заради кои ќе бидете благодарни што сте родени во модер... Се бањале многу ретко, а освен богатите, останатите обично имале само едно парче...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Биле популарни како филмски ѕвезди, имале многу девојки: Како навистина изгледал животот на гладијат... Не сите гладијатори биле робови и многумина своеволно се бореле. Оние најдобрите...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg