Богатите купуваат облека на старо и уште 8 изненадувачки факти за животот во Германија


Богатите купуваат облека на старо и уште 8 изненадувачки факти за животот во Германија

Германците придаваат големо значење на физичката активност, па скоро сите го користат викендот за вежбање - и во природа, и во теретана.

bogatite-kupuvaat-obleka-na-staro-i-ushte-8-iznenaduvachki-fakti-za-zhivotot-vo-germanija-01.jpg

Германија е позната по автомобилите, дисциплината на Германците и квалитетните продукти од секоја област, но сепак не секој знае многу за секојдневните навики на тамошните жители.

Додека за повеќето нешта навистина сме исти како Германците, постојат и ситници кои сигурно ќе ви звучат чудно.

Нормално, бидејќи секој човек е различен, овие факти и навики не важат за сите Германци, но сепак се дел од тамошниот начин на живот. 

Во продолжение неколку од нив:

Чистотата и хигиената им се многу важни

Германците се многу строги кога станува збор за чистота и хигиена. Наводно, тие и слободно коментираат за мирисот на другите луѓе, односно им кажуваат на другите кога им мирисаат убаво, а ова е важен комплимент.

site-sakaat-ekoloshki-produkti-i-bogatite-kupuvaat-obleka-na-staro-iznenaduvachki-fakti-za-zhivotot-vo-germanija-02.jpg

За бањање користат крпа

Наместо сунѓери за бањање, Германците преферираат мали крпи од мек материјал. Тие сметаат дека крпите се подобри за пилинг на телото бидејќи се понежни и не ја иритираат кожата.

site-sakaat-ekoloshki-produkti-i-bogatite-kupuvaat-obleka-na-staro-iznenaduvachki-fakti-za-zhivotot-vo-germanija-03.jpg

Го чистат тоалетот по секое користење

Во Германија никако не смеете да ја оставите тоалетната школка валкана и тие ја чистат со четка по секое користење. Логично...

site-sakaat-ekoloshki-produkti-i-bogatite-kupuvaat-obleka-na-staro-iznenaduvachki-fakti-za-zhivotot-vo-germanija-04.jpg

Еколошките продукти се вистински хит

Продавниците во Германија се преплавени со еколошки продукти и амбалажи направени од рециклирачки или разградливи материјали.

Германците обрнуваат и посебно внимание на составот на козметиката што ја купуваат и предност им даваат на продуктите од природни состојки.

site-sakaat-ekoloshki-produkti-i-bogatite-kupuvaat-obleka-na-staro-iznenaduvachki-fakti-za-zhivotot-vo-germanija-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жено, биди кралица! Биди кралица. Биди нежна. Нека те водат нови идеи постојано, уживај во тоа што с...
10 забавни факти за оние кои сакаат да научат нешто ново Следниве факти не се од суштинско значење за вашето образование, но ќе ви се нај...
Океаните се сини поради сонцето и уште 6 интересни факти за океаните Без вода нема живот, но колку навистина знаеме кога се океаните во прашање? Пост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg