Вуди Ален се ожени за посвоената ќерка на бившата жена – приказната за најконтроверзниот холивудски пар
Во истиот период, Вуди и Сун Ји почнуваат заедно редовно да одат на кошаркарските натпревари на Knicks.

Вуди Ален призна дека започнал сексуална врска со Сун Ји неколку дена по Божиќ во 1991-вата година, кога таа била дома за празниците додека била бруцош на факултет. Во тој период тој имаше 56, а Сун Ји 21 година.

Во 1992-ра година Вуди Ален даде изјава во која ја потврди врската со Превин и рече: „Да, реално е и за среќа сè е вистина“.

Сун Ји низ годините ја обвинуваше нејзината мајка за занемарување, а тврди дека нејзината врска со Вуди започнала дури откако односите меѓу него и Миа биле во целост заладени.

Во 1993-та година истрагата потврди дека Вуди не ја злоупотребувал Дилан, а истата година тој го загуби старателството над неа и другите деца.

Во 1997-ма година Вуди и Сун Ји одлучија долгогодишната врска да ја крунисаат со брак.

Подоцна, низ годините, Вуди во неколку наврати ја коментираше врската со својата посвоена ќерка, па во една прилика кажа: „Не можеш да му наредиш на срцето кого да сака!“

Денес, Вуди и Сун Ји живеат во нивниот дом во Њујорк. Низ годините постојано ги отфрлаа обвинувањата на Дилан Фароу за сексуално злоупотребување. Со движењето #MeТоo, Миа почна повторно да го актуализира случајот и 30 години подоцна.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...