„Среќа е прегратка од дедо“ - 15 прекрасни цитати за дедовците

„Дедовците се магионичари кои креираат прекрасни спомени за нивните внуци.“ „Дедо, е следната најдобра работа по Дедо Мраз.“

srekja-e-pregratka-od-dedo-15-prekrasni-citati-za-dedovcite-01.jpg

Дедовците имаат посебно место во животот на секое дете, зарем не? Секогаш подготвени за прегратка и мудрости, со блага насмевка на лицето тие го прават животот на секое детенце поубав.

Никогаш не оптоваруваат со премногу правила и се поим за безрезервна љубов.

Цитати посветени на дедовците:

„Дедовците се магионичари кои креираат прекрасни спомени за нивните внуци.“

„Не постои дедо кој не го обожава своето внуче.“

„Дедовците носат малку мудрост, среќа, топлина и љубов во секој живот што ќе го допрат.“

„Некои луѓе не веруваат во херои, но тие не го запознале мојот дедо.“

„Мојот дедо можеби повеќе не е крај мене, но тој засекогаш ќе биде во моето срце.“

„Дедо е како татко, но само со помалку правила.“

„Дедо, ти ми го направи детството незаборавно.“

„Дедо е некој со сребро во косата и злато во срцето.“

„На дедовците најтешко на свет им е да им кажат „не“ на своите внучиња.“

srekja-e-pregratka-od-dedo-15-prekrasni-citati-za-dedovcite-02.jpg

„Дедо, е следната најдобра работа по Дедо Мраз.“

„Дедо е некој на кој можеш да се угледуваш, без разлика колку висок/а ќе пораснеш.“

„Дедовците се најдобриот вид на возрасни личности.“

„Мојот дедо бара малку, но секогаш дава толку многу.“

„Дедовците се богатство од информации.“

„Среќа е прегратка од дедо.“

Прочитајте и „Мојата баба е мојот ангел чувар“ – 11 прекрасни цитати за бабите

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg