Ја призна својата хомосексуалност, татко ѝ го нарекува насилник и алкохоличар – Факти за единствената Марија Шерифовиќ

Таа е во лоши односи со нејзиниот татко затоа што ја малтретирал мајка ѝ во бременоста, јавно ја призна хомосексуалната ориентација, а самата има изјавено дека сака да се реализира како мајка со вештачко оплодување – факти за маестралната Марија Шерифовиќ, која освојува со својот глас.

Ja-priznava-svojata-homoseksualna-orientacija-tatko-i-go-narekuva-nasilnik-i-alkoholichar-fakti-za-edinstvenata-vonseriska-Marija-Sherifovikj 01 630x330.jpg

Еден од најграндиозните гласови на Балканот, единствената српска евровизиска победничка со моќен вокал и извонреден талент кој никого не остава рамнодушен – Марија Шерифовиќ.

Родена е на 14 ноември 1984 година во Крагуевац, каде завршила средно и музичко училиште, а најголем проблем ѝ била математиката. 

Во една прилика, кога извлекла преодна оценка Марија прославила со жива музика.

Талентот за музика го наследила од мајка си Верица која е интерпретатор на етно музиката, а баба ѝ и дедо ѝ пееле староградски песни.

 На 12 години за првпат настапила на детски фестивал со песната I Will Always Love You и го освоила првото место. 

View this post on Instagram

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

По завршувањето на средното училиште се преселила во Белград и се запишала на студии за менаџмент.

Во продолжение повеќе факти за животот на единствената Марија Шерифовиќ:

Во 2003-та година Марија го издава својот прв албум насловен „Нај, најбоља“

Уште од самиот почеток таа го привлекува вниманието кон себе благодарение на силниот вокал, квалитетната музика и опуштениот стил на облекување.

Во 2004 година го освојува првото место на фестивалот во Будва со песната „Бол до лудила“, а по многубројните награди во 2006 го објавува својот втор албум насловен „Без љубави“.

Во 2007-ма година го одржува својот прв концерт во Сава центар и победува на Евровизија

Една од најуспешните години во досегашната кариера на Марија ја одбележаа настаните за кои сонува секој пејач.

На 21 февруари таа го одржа својот прв концерт во Сава центар, а само неколку дена подоцна, на 8 март, победи на Беовизија со песната „Молитва“.

На 12 мај Марија ѝ ја донесе првата победа на Србија како независна држава и можноста да биде организатор на овој натпревар во 2008 година.

Била дел од учесниците во втората сезона на реалното шоу „Фарма“

Таа брзо го напушти шоуто поради обврските околу концертот во Арена, кој се одржа на 11 мај. Од 2015 година е дел од жирито кое одлучува за судбината на кандидатите во музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“.

Во автобиографскиот филм „Исповед“ Марија ја признава својата хомосексуална ориентација

Во нејзиниот автобиографски филм кој премиерно беше прикажан на 27 ноември 2013 година во Белград, таа ја признава нејзината хомосексуална ориентација и со тоа станува првата јавно декларирана ЛГБТ пејачка во Србија.

Таа е во лоши односи со нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ и го претставува како насилник, коцкар и алкохоличар

Во филмот исто така се зборува за семејните односи на Марија, односно недоразбирањата и лошиот однос со нејзиниот татко.

Во првиот дел од филмот таа го класифицира нејзиниот татко како насилник, коцкар и алкохоличар, кој ја малтретирал, а потоа ја оставил нејзината мајка кога таа била во деветтиот месец од бременоста.

Тој се омажил уште двапати, па така Марија има двајца полубраќа, Душан, кој почина во 2013 година по тешко боледување и Данијел Павловиќ, кој беше еден од учесниците на натпреварот „Операција триумф“.

Марија верува дека нејзиниот татко ѝ го уништил детството со своите пороци. Сепак, поради неговата, моментална, загрижувачка здравствена состојба, постојат гласини дека тие ги „закопале секирите“.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg