Ја призна својата хомосексуалност, татко ѝ го нарекува насилник и алкохоличар – Факти за единствената Марија Шерифовиќ

Повеќепати изјавила дека навистина би сакала да се реализира како мајка

Марија вели дека не се гордее со многуте избори што ги направила во животот, меѓутоа е горда на својот сексуален живот.

„Во моментот кога ќе се почувствувам подготвена ќе заминам на вештачко оплодување“ – изјавува таа.

Камуфлирала љубовна врска со некогашен црногорски актер

Познато е дека пред нејзиното јавно признание околу сексуалната ориентација, Марија имала една љубовна врска со црногорскиот актер Славко Калезиќ.

Оние кои добро ја познаваат Марија веруваат дека тоа е класичен маркетиншки трик.

Освен ментор, Марија е одличен пријател на победничката на една од сезоните на „Ѕвезде Гранда“ - Џејла Рамовиќ

Таа изјавува дека одамна не слушнала толку талентиран и добар пејач и дека на младата Џејла секогаш ќе ѝ биде не само ментор, туку вистински пријател и поддршка во нејзината понатамошна кариера.

Неодоливиот булдог Хак зазема едно од најважните места во животот на Марија

Шерифовиќ е позната како вистински љубител на животните.

Таа посвети долги години на нејзиниот англиски булдог со име Роки, кој за жал почина.

Денес Марија повторно има куче од идентичната раса, неодоливиот Хак со кој таа секојдневно споделува фотки и видеа на социјалните мрежи.

Музиката е нејзиниот живот

Марија секогаш нагласува дека музиката е смислата на нејзиниот живот и дека не постои ништо на целиот свет што би можело да ја замени количината на љубов и среќа што ги чувствува секогаш кога ќе излезе на сцената.

Тоа секако е клучот за нејзиниот успех.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава