Порака за животот што задолжително треба да ја прочитате

Што правите кога се соочувате со проблеми, препреки, немили настани, лоши работи во животот? Оваа моќна порака ќе во покаже дека може да извлечете поука од сè.

Mokjna-poraka-za-zivotot-01.jpg

Избришете ги солзите и кренете ја главата високо горе. Во животот се среќаваме со различни ситуации, луѓе и предизвици.

Изговорените зборови не можат да се вратат, некои дела трајно влијаат на односите, а и покрај храброста и силата, некои разочарувања оставаат засекогаш траги во душата.

Колку и да се длабоки некои емотивни рани и колку и минатото да ве оптоварува, важно е да знаете дека секое искуство носи важна лекција која е клучна за понатамошен развој и напредок во животот.

Не им се одмаздувајте на другите, научете да простувате и да ѝ олесните на душата.

За некои работи, колку и да ни изгледа неверојатно во моментот, треба да бидеме благодарни. 

Пораката која вирално се шири по социјални мрежи гласи:

Им благодарам на сите што ме излажаа – ми покажаа колку е вредна вистината.

Им благодарам на сите што не веруваа во мене – ми дадоа сила и верба да поместам планини.

Им благодарам на сите што ме разочараа и ги разочараа моите чувства – ме натераа да се разбудам и подобро да разберам некои човечки души.

Им благодарам на сите што ме повредија – ме научија да ја надминам болката.

Им благодарам на сите што ме искористија и ме измамија – ме научија да останам ладен и внимателен кога ќе пуштам некого во мојот живот.

Им благодарам на сите што ме заборавија – ме научија да најдам сила во самотијата, во сопственото битие.

Им благодарам на сите што ме повредија – ми ја покажаа мојата сила и мојата издржливост.

Им благодарам на сите што ги исмеваа моите цели – направија да бидам уште поамбициозен.

Им благодарам на сите што ја изневерија мојата доверба – ме натераа да бидам повнимателен.

Им благодарам на сите што се нарекуваа пријатели, а не беа – ми покажаа што е лажно пријателство и што никогаш не треба да прави еден пријател.

Извор

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...

Најчитани неделава