Дипломирал ветеринарна медицина, се оженил со Романка – факти за Дарко Периќ (Хелсинки), српскиот актер од La Casa De Papel

Дарко Периќ е српски филмски и телевизиски актер кој се здоби со меѓународно признание за улогата на Хелсинки во популарната шпанска серија La Casa de Papel.

Diplomiral-na-fakultetot-za-veterinarna-medicina-se-ozhenil-so-Romanka-fakti-za-Darko-Perikj-Helsinki-srpskiot-akter-od-La-Casa-De-Papel 01 630x330.jpg

Серија која со години е вистински хит и е најгледаната серија на Netflix во Франција, Италија, Аргентина, Чиле, Бразил, Португалија, како и на Балканот.

Дарко е роден на 25 март 1977 година, во Кладово, источна Србија. Живее и работи во Барселона. Започнувајќи ја својата актерска кариера во 2000 година, тој работел во многу филмови и серии како A Perfect Day, Atresmedia, Crematorio и многу други.

Во потрага по можност да ја прошири својата актерска кариера, во 2004 година тој се преселил во Барселона.

Во продолжение повеќе факти за маестралниот српски актер:

Дарко е роден во Кладово, каде што семејството на неговиот татко се преселило од Косово и Метохија

Првиот настап на сцена го имал на своја 5-годишна возраст

Имено, во неговиот град гостувала кубанска пејачка, која го повикала да ѝ се придружи на сцената. Тој се согласил, а настанот го опишува како искуство каде се заљубил во сцената.

Во основно училиште редовно настапувал во училишните претстави

Покрај актерството, тој уживал во гледање цртани филмови и читање стрипови, а особено го обожавал „Балтазар“. По завршувањето на основното училиште планирал да се запише во училиште за анимација во Загреб.

Поради распадот на Југославија и војната на поголемиот дел од нејзината територија, наместо во Загреб, неговиот нов дом во 1994 година станал романскиот Букурешт, каде што дипломирал на Високата ветеринарна медицина.

Иако сè уште поголем дел од времето го поминувал во театар и кино, на барање на родителите се запишал на Медицинскиот факултет во Темишвар.

Дарко бил одличен ученик кој уживал да го поминува времето со млади актери, студенти по глума. Редовно глумел во нивните претстави, како и во аматерски театри во Темишвар.

Бил пејач во рок и панк бендови со кои често настапувал

Покрај тоа, тој често организирал разни настани со пријателите во локалниот културен центар. Нему му била дадена можност да соработува, не само со романски актери и уметници, туку и со оние кои постигнале завидна меѓународна кариера.

По завршувањето на студиите се преселил во Берлин, а потоа заминал за Барселона

Дарко знаел дека занаетот се „пече“ во соработка со уметници од целиот свет, а токму тие го инспирирале да се пресели во Барселона и да продолжи да гради кариера базирана на филмот, театарот и телевизијата.

Првите телевизиски улоги пристигнале во 2008 година. Имено, во една прилика бил забележан од агент кој го повикал на кастинг за ТВ серија. Истата година играл во сериите 13 anys i un dia и El cor de la ciutat.

Две години подоцна, тој добил значајна улога во драмската серија Crematorium, која се емитувала на каталонската национална телевизија. Во текот на 2012 до 2015 година, работел на многубројни, значајни проекти.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg