Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мете во „Бурни времиња“ и Бајазит во „Сулејман Величествениот“ - факти за еден од најдобрите турски актери

Арас Булут Ијнемли е еден од најпознатите актери на турското поднебје. Покрај богатото филмско портфолио, бројните освоени признанија и награди тој непрекинато работи на нови проекти и ги проширува своите актерски способности.

Od-Mete-vo-Burni-vreminja-i-Bajazit-vo-Sulejman-Velichestveniot-do-nominacija-na-Oskarite-za-najdobar-megjunaroden-film-fakti-za-maestralniot-Aras-Bulut-Ijnemli 01 630x330.jpg

Арас Булут Ијнемли е роден на 25 август 1990 година, а негово првo актерско искуство е токму во добропознатата серија „Бурни времиња“ – во улога на симпатичниот Мете.

Неколку години подоцна го гледавме во улогата на бунтовниот принц Бајазит во извонредната серија „Сулејман Величествениот“.

Оттука, вратите на Арас Булут Ијнемли сосема се отворaат и како што минува времето) тој станува еден од најквалитетните актери на турските простори, а неговата слава допира и до пошироката јавност.

Едни од неговите понови филмски проекти се сериите „Чукур“ и „Инсајдер“, а особена прашина се крена околу неговата маестрална улога во филмот Miracle in Cell No. 7 – каде Арас игра татко со попреченост кој на секој начин успева да ја заштити својата ќерка.

Факти за маестралниот Арас Булут Ијнемли:

Актерски корени во семејниот круг

Арас има брат Орџун Ијнемли, кој исто така е актер и постара сестра по име Јешим Ијнемли, која е телевизиска водителка и пејачка.

Исто така, тој има и други семејни асоцијации во турската кинематографија, како што се: Мирај Данер (братучетка), Џенгиз Данер (вујко) и Илхан Данер (брат на дедо му).

Одлично образование надвор од актерските води

Арас живее во Истанбул и таму го заврши своето образование. Тој завршил на Техничкиот универзитет, на Катедрата за авионско инженерство.

Телевизиска кариера

По 2-3 комерцијални улоги, во 2010 година бил ангажиран во добропознатата турска серија „Бурни времиња“. Оваа серија на некој начин ги отвори портите на славата за Арас, а потоа истата двојно се зголеми со улогата во „Сулејман Величествениот“.

Уште во своите почетоци тој бил познат по терминот „најдобриот млад актер“.

Еден од најнаградуваните турски актери

По потреба, Арас го шетал целиот свет со цел да се здобие со идеи за неговите улоги, па со самото тоа доминираше на неговите исклучителни изведби и доби многу признанија, вклучувајќи ја и наградата „Златна пеперутка“.

Прогласен за „Маж на годината“

И покрај неговата актерска кариера, тој се појавува во многу промотивни реклами и кампањи и со тоа стана заштитно лице на различни брендови. Во 2018 година, GQTurkey го прогласи за „Маж на годината“.

Повеќе факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавио...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
Стана татко на 56 години, бил сексуално злоупотребуван како дете: Се сеќавате ли на вујко Џес од Ful... Има 61 година, но и понатаму е истиот шармер како во времето кога го глумеше вуј...
Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anat... Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џаст...
Посакува вистинска љубов, би снимил „филм за возрасни“ - Кој е „Принц од Врање“, евровизискиот претс... Едни го споредуваат со Аладин, други велат дека ги потсетува на Тарзан. Кој е пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg