Факти за телохранителот на Измамникот од Тиндер, Питер - тврди дека и тој бил жртва и бара милионска отштета

„Филмот не го прикажува точно и тој е жртва на измамите на Сајмон“ – тврдат адвокатите на Питер, телохранителот на Измамникот од Тиндер, познат како Сајмон Левиев. Тие го тужат Netflix и бараат милионска отштета за нарушен углед и нанесена душевна болка.

tvrdi-deka-i-toj-bil-zhrtva-i-bara-milionska-oshteta-fakti-za-telohranitelot-na-izmamnikot-od-tinder-piter-01.jpg

Документарниот филм на Netflix, The Tinder Swindler го освои светот, а во него се говори за измамникот Сајмон Левиев, односно Шимон Хајут кој на Тиндер барал жртви и од нив со помош на измама успеал да „заработи“ околу 10 милиони долари.

Прочитајте и Лажел девојки дека е милијардер и ги ограбувал, а бил само пет месеци во затвор – Каде е денес и што прави измамникот од Тиндер?

Освен Сајмон Левиев и трите девојки што тврдат дека се измамени од него Сесилија Фјелхорн, Пернила Сјохолм и Ајлин Шарлоте, во филмот мошне застапен е и ликот на телохранителот на Сајмон, Питер, за кого се наведува дека најверојатно е вклучен во измамата.

На крајот на филмот се вели дека Питер воопшто не одговарал за делата, а деновиве во полските медиуми, се објавени повеќе факти и податоци за телохранителот за кого нема премногу информации во филмот.

tvrdi-deka-i-toj-bil-zhrtva-i-bara-milionska-oshteta-fakti-za-telohranitelot-na-izmamnikot-od-tinder-piter-02.jpg

Според филмот, Питер е десна рака на измамникот Шимон, односно Сајмон и со помош на неговите фотографии од повреди, Сајмон двапати успева да изнуди илјадници евра од сопствените жртви.

Што знаеме за телохранителот Питер и дали тој е учесник во измамата или исто така е жртва на добро разработената шема на измамникот?

Во продолжение проследете повеќе информации што досега биле објавени за Питер:

По објавувањето на филмот The Tinder Swindler во полските медиуми се појави информацијата за тоа кој е таинствениот телохранител на Сајмон Левиев, Питер. Станува збор за извесен Пјотр К. кој во повеќе наврати се огласи преку својот адвокат.

tvrdi-deka-i-toj-bil-zhrtva-i-bara-milionska-oshteta-fakti-za-telohranitelot-na-izmamnikot-od-tinder-piter-04.jpg

Пјотр К. по потекло е од Полска, каде документарниот филм на Netflix деновиве е вистински хит. Речиси целиот свет имаше можност да ги види неговите фотографии и видео снимки што трите измамени жени ги приложија за снимањето на филмот.

tvrdi-deka-i-toj-bil-zhrtva-i-bara-milionska-oshteta-fakti-za-telohranitelot-na-izmamnikot-od-tinder-piter-05.jpg

Според медиумите во Полска, Пјотр по објавувањето на филмот поднел тужба против Netflix, затоа што неговите фотографии и видео снимки биле користени без дозвола. Според објавата на неговиот адвокат, Пјотр од стриминг гигантот бара отштета од 3 милиони евра и јавно извинување, а засега нема никаков одговор од Netflix по однос на ова прашање.

Пјотр во моментов бара 2 милиони долари за душевната болка што ја претрпел и уште 1 милион долари затоа што по филмот веќе не е во можност да работи како обезбедување на лица и имот.

Netflix најави дека освен мега-популарниот документарен филм, има намера да направи и нови мини-серии насловени You Can't Make This Up, од кои првата епизода ќе биде сконцентрирана само на идентитетот на телохранителот Питер и Авичеј, деловниот партнер на Сајмон и пријател од детството.

tvrdi-deka-i-toj-bil-zhrtva-i-bara-milionska-oshteta-fakti-za-telohranitelot-na-izmamnikot-od-tinder-piter-06.jpg

Адвокатите на Питер тврдат дека нивниот клиент воопшто не бил вклучен и немал никакви информации за измамите на Сајмон и дека заради тоа не треба да биде поврзуван со измамите на каков било начин.

tvrdi-deka-i-toj-bil-zhrtva-i-bara-milionska-oshteta-fakti-za-telohranitelot-na-izmamnikot-od-tinder-piter-07.jpg

Да се потсетиме, на крајот на филмот, третата жртва Ајлин вели дека Сајмон ѝ рекол дека Питер си заминал за да работи со непријателот и го оставил. Дали си заминал откако Сајмон не можел да му плати или избегал затоа што сфатил дека шемата за измами се отплеткува, останува да видиме.

tvrdi-deka-i-toj-bil-zhrtva-i-bara-milionska-oshteta-fakti-za-telohranitelot-na-izmamnikot-od-tinder-piter-08.jpg

Прочитајте Факти за Сесилија, жртвата на измамникот од Тиндер, која уште ги отплаќа долговите

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
„Среќниот крај не може да дојде во средината на приказната“ - Најубавите цитати на Питер Бигл Питер Сојер Бигл (роден на 20 април 1939) е американски писател на фантастика и ...
Ги создал атомските бомби фрлени во Јапонија, починал од тешка болест – Кој бил Опенхајмер? Бил згрозен од разорната моќ на атомските бомби што ги создал, живеел со голема ...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...
Како браќата Влад и Ники станаа успешни јутјубери - Заработуваат милиони благодарение на родителите Нивите родители, Сергеј и Викторија Вашкетов, им помогнаа на Влад и Ники да напр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg