Од професор со плата од 15 долари до милионер – Приказната за успехот на Џек Ма, основачот на „AliExpress“
Добил државно вработување за кое земал месечна плата од 15 долари. Неколкупати бил одбиван за работа, а за себе вели дека е во целост неписмен за компјутери. Што знаеме за Џек Ма, еден од најбогатите Кинези и основач на Алибаба?

Џек Ма, основачот на кинескиот гигант Алибаба создаде лично богатство од 38,5 милијарди долари, а на 55 години се пензионира и раководството на компанијата го предаде на новиот извршен директор Даниел Жанг.

Компанијата „Алибаба“ ја основа во 1999-та година, а во 2019-та година, а откако помина 20 години како извршен директор, со перформанс најави и официјално дека се пензионира и си заминува.
„По оваа вечер ќе започнам со нов живот. Верувам дека светот е добар, пред нас се многу можности и многу сакам нови возбудувања, заради што одлучив да се пензионирам предвреме“ – порача тој.

Во 2020-тата година Џек ненадејно во целост се повлече од јавниот живот, по што следеа низа шпекулации: дека е во куќен притвор, дека кинеската власт му врши притисок заради тоа што сакал да лансира нова банкарска компанија, но и дека го навредил кинескиот претседател Џи Јипинг.
По големиот број шпекулации Џек Ма повторно се појави во кратко видео обраќање во јануари 2021-ва година.
Џек важи за четврт по ред најбогат Кинез со богатство од 50, 3 милијарди долари, освен што е основач на Алибаба, тој има голем број други бизниси што му носат поголеми приходи. Меѓу нив се AliExpress и AliPay.
Во продолжение проследете неколку интересни и мотивирачки факти за Џек Ма:
Џек Ма (57) е роден на 10-ти септември 1964-та година. Неговото вистинско име е Ма Јун, а неговите родители биле изведувачи на кинескиот музички перформанс Пингтан, кој бил забранет во периодот од 1966-та до 1976-та година.

На возраст од 12 години Џек имал голема желба да го научи англискиот јазик, па како што сам раскажа во една пригода, секое утро одел до областа со езерата во градот Хангжу (каде пораснал) каде редовно имало туристи. Тој им нудел бесплатни тури низ градот, а ја користел можноста да го вежба јазикот.

Џек признава дека двапати паднал на приемниот испит пред конечно да биде примен на најлошиот Универзитет во градот, Hangzhou Teachers University, каде се образувал за да стане професор по англиски јазик.

По дипломирањето кинеските власти му доделиле вработување како универзитетски професор по англиски јазик, за што земал плата од 12 до 15 долари месечно. Како што вели самиот, нетрпеливо чекал да му помине петгодишниот договор за да започне свој бизнис.

Тој аплицирал на повеќе работни места, но никој не сакал да го прими, а дури аплицирал и за работа во KFC како секретар на генералниот менаџер, но бил одбиен.

Во 1995-та година на 31-годишна возраст Џек отпатувал во Сиетл каде за првпат се сретнал со интернетот. По ова веднаш почнал да размислува за тоа како да почне да развива онлајн бизнис на територијата на Кина.
