Била нацистички шпион, ги оставала своите вработени на улица - мрачното минато на Коко Шанел

Покрај ова, наводно постојат документи кои докажуваат дека Шанел активно ѝ помагала на нацистичката партија за време на војната. Според книгата на Вон, таа била нацистички шпион, па дури имала и број како сите останати шпиони и агенти – F 7124.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-08.jpg

Наводно, Шанел ја почнала соработката во 1941 година и била најблиска со генерал Волтер Шеленберг – шеф на германска разузнавачка агенција и многу моќна личност. По војната тој бил во затвор за воени злосторства, а откако го ослободиле, токму Шанел се грижела за него. За многумина, ова е еден од доказите за нејзината поврзаност со нацистите. Покрај тоа, нејзиниот партнер, Ханс Гантер фон Динклиџ, бил истакнат помеѓу нацистите и се верува дека токму тој ѝ ја овозможил работата.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-09.jpgВолтер Шеленберг

Се верува дека Шанел била директно вклучена во планот на Германија да преземе контрола над Мадрид и честопати го посетувала градот со таа цел. Наводно, таа имала и други мисии во кои требала да ги убедува лидерите на противничките земји во војната дека Германија пробувала да склучи мир, но не можела. Исто така, Шанел неретко разнесувала и важни пораки за нацистите.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-10.jpg

Можеби најсилен доказ за нејзина поврзаност со нацистите е нејзиното бегство во Швајцарија. Во 1944 година, кога Франција била ослободена, Шанел се преселила во Швајцарија за да не биде осудена како нацистички шпион. Наводно, таа била испрашувана од британски офицери, но не се познати многу детали за тоа.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-11-.jpg

По крајот на војната, Шанел извесен период живеела во Швајцарија, а околу 15 години подоцна решила повторно да се врати во светот на модата. Продолжила да работи како дизајнерка, но во последните години од животот не била воопшто среќна и била осамена. Според некои извори, Шанел била злобна и тажна старица.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-12.jpg

Шанел починала во 1971-ва, на 87-годишна возраст, и тоа во хотелот Ritz каде што отседнувала за време на Втората светска војна.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава