Била нацистички шпион, ги оставала своите вработени на улица - мрачното минато на Коко Шанел

Иако светот се восхитува на нејзината генијалност, Коко Шанел не била само модна дизајнерка - таа активно ѝ помагала на нацистичката партија за време на Втората светска војна, а било повеќе од јасно дека ги мрази Евреите. 

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-01.jpg

До денес Коко Шанел е една од најпознатите модни дизајнерки кои некогаш живееле, а има и добра причина за тоа – таа направи револуција во женската мода.

Коко Шанел е заслужна за прославувањето на малиот црн фустан, а таа е и една од првите жени кои почнале да носат сакоа и панталони. Според Time, Коко Шанел е една од 100-те највлијателни личности на 20-тиот век, а денес нејзината модна куќа е една од најпознатите.

Но додека сите се восхитуваме на нејзината генијалност, малкумина знаат за нејзиното мрачно минато. Според некои извори, за време на Втората светска војна, Коко Шанел била нацистички шпион.

Ова е најистакнато во книгата Sleeping with the Enemy: Coco Chanel’s Secret War (Спиење со непријателот: Тајната војна на Коко Шанел) од авторот Хал Вон.

Во својата книга авторот споделува контроверзни и шокантни детали од животот на Шанел за време на Втората светска војна и нејзината поврзаност со нацистичката партија. Наводно, по издавањето на книгата во 2011 година се најдени многу докази што ја потврдуваат нејзината улога во војната.

Па, што точно се случило и како познатата дизајнерка се нашла во ваква ситуација?

Пред почетокот на Втората светска војна, Коко Шанел, заедно со нејзините пријатели и познаници, сметала дека Евреите претставуваат закана за Европа, па не ги сакала. Ова донекаде ја објаснува нејзината желба да ѝ помогне на нацистичката партија.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-02.jpg

Во 1939 година, на самиот почеток на војната, Шанел ги затворила сите нејзини продавници во Париз, а поради ова 4.000 жени кои работеле кај неа останале без работа. Иако таа тврдела дека ги затворила продавниците поради војната, постојат шпекулации дека само сакала да ги казни работничките кои барале поголеми плати и пократко работно време.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-03.jpg

За време на германската окупација на Франција, Шанел отседнувала во хотелот Ritz во Париз – место каде што тој период отседнувале многу германски офицери. Овде Шанел се запознала со Ханс Гантер фон Динклиџ – германски аристократ и нацист – со кого почнала врска. Тој бил и истакнат воен функционер со силни врски.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-04.jpg

Според книгата на Хал Вон, во 1941 година Шанел го покажала нејзиното вистинско лице – тој ја опишува како „злобен антисемит кој му се восхитува на Хитлер“.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-05.jpg

Во Втората светска војна, нацистичката партија ги одзела имотите и бизнисите на сите Евреи, а Шанел го искористила ова за да ги добие сите пари од продажбата на нејзините парфеми. 

Тогашниот директор на фирмата за парфеми на Шанел бил Евреин и, нормално, дел од профитот требало да оди кај него како плата.

Но, Шанел го искористила нејзиното „ариевско потекло“ и фактот дека директорот е Евреин за таа да ги добие сите пари, а тој да не земе ништо.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-06.jpg

Но, планот на Шанел пропаднал бидејќи директорот легално ја предал контролата над фирмата на француски бизнисмен кој не бил Евреин. По крајот на војната, Евреинот повторно успеал да стигне до директорската позиција на фирмата за парфеми.

gi-mrazela-evreite-rabotela-kako-nacistichki-shpion-mrachnoto-minato-na-koko-shanel-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg