Дрвјата комуницираат едни со други и уште 9 факти што сигурни не ви ги кажале на училиште
Знаевте ли дека можете да направите дијаманти од путер од кикиритки? Потребно е само да го изложите на многу висок притисок, слично како јаглеродот под површината на земјата.
Иако на училиште учиме многу забавни работи, факт е дека не можат да се опфатат многу работи.
Но затоа, пак, продолжуваме да учиме во текот на целиот живот.
Ако сте расположени за учење, погледнете ги следниве факти што сигурно не ви ги кажале на училиште:
Октоподите можат да препознаваат луѓе
Бројните истражувања покажале дека октоподите се едни од најинтелигентните суштества на планетата. На пример, тие можат да препознаваат луѓе, па дури да покажуваат кога не им се допаѓа некој.
Според приказна споделена во Scientific American, октопод кој бил чуван во универзитет во Нов Зеланд воопшто не сакал некој нов вработен. Поради ова, секојпат кога вработениот поминувал покрај неговиот аквариум, октоподот го прскал со вода.
Октоподите можат да користат алатки
Уште еден доказ дека октоподите се многу интелигентни суштества.
Експертите забележале октоподи кои собирале скршени кокоси кои завршиле во океанот, а потоа си правеле вид засолниште.
Експертите истакнуваат дека иако многу животни знаат да се скријат под нешто, она што го прават октоподите е многу поимпресивно.
Октоподите можат да решаваат покомплексни проблеми
Повторно факт кој ја потврдува интелигенцијата на октоподите.
Овие суштества можат да се снајдат низ лавиринт. Исто така, можат да решаваат покомплексни проблеми, а најинтересно е што ги помнат проблемите и решението што го искористиле.
Еден ваков проблем е отворање тегла однатре, како на видеото во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=IvvjcQIJnLg
Можете да направите дијаманти од путер од кикиритки
Дијамантите настануваат кога јаглеродот под површината на земјата е изложен на огромни температури и притисок.
Користјеќи го ова знаење, Ден Фрост од институтот Bayerisches во Германија открил начин да го копира процесот користејќи путер од кикиритки.
Путерот од кикиритки содржи многу јаглерод, па тој го изложил на висок притисок. Иако експериментот му бил речиси уништен, Ден сепак добил неколку мали дијаманти.
Златните рипки можат да распознаваат класична музика
Според истражување објавено во Behavioural Processes, златните рипки можат да разликуваат различни класични музички дела.
Истражувачите им пуштале на рибите композиции од Бах и Стравински и ги тренирале да реагираат на одреден начин во зависност од композицијата што ќе ја слушнат.
Резултатите покажале дека златните рипки ги препознавале композициите во 3/4 од случаите.