Дрвјата комуницираат едни со други и уште 9 факти што сигурни не ви ги кажале на училиште
Кога фрлате паричка за нешто, шансите не се 50/50
Звучи логично дека кога ќе фрлите паричка, имате 50/50 шанса да ви се падне едната или другата страна.
Но во реалноста шансите се поблиску до 51/49. Причината за ова е самата паричка.
Ако добро ја разгледате која било монета, ќе сфатите дека едната страна е потешка бидејќи има повеќе материјал на неа поради разните гравури.
Иако разликата во оваа тежина е многу мала, сепак е доволна за минимално да ги промени шансите.
Ако фрлате паричка која има иста тежина на двете страни, најверојатно шансите ќе ви бидат 50/50.
Дрвјата можат да комуницираат едни со други
Дрвјата во една шума кои не се оштетени се подврзани со подземни мрежи од габи. Преку овие мрежи тие можат да споделуваат вода и хранливи материи, но и да комуницираат.
Односно, си праќаат сигнали за опасности како душа, напад од инсекти и слично.
Коалите ги прегрнуваат дрвјата за да се разладат
На скоро сите фотографии, коалите прегрнуваат некое дрво, а го прават ова за да се разладат.
Коалите можат да се разладат и преку устата, слично како кучињата, но на овој начин нивниот организам троши многу вода. Па, прегрнувањето дрвја им е многу поефикасен трик.
Бананите се бобинки
Од ботаника гледна точка, бананите се бобинки.
Според ботаниката, бобинките имаат три слоеви кои се сочни – лушпа, среден дел и делот во којшто се сместени семките. Истовремено, бобинките имаат и повеќе семки.
Бидејќи ги исполнуваат овие главни, но и некои други услови, бананите се всушснот бобинки.
Од друга страна, јаготките и боровинките не се бобинки бидејќи не ги исполнуваат условите.
Кравите си ги споделуваат емоциите
Според истражување објавено во Scientific Reports, кравите комуницираат едни со други и ги искажуваат нивните емоции – и позитивни и негативни.
Истражувачите откриле дека го прават ова со испуштање звуци кои другите крави можат да ги интерпретираат како одредена емоција.
Спирова С. | Црнобело