Ја зголемува ефикасноста на некои лекови против болка и уште 7 забавни факти за кафето
Можете да се предозирате од кафе
Ако редовно пиете кафе, сигурно некогаш и сте претерале. Во овој случај веројатно сте почувствувале симптоми како несоница, главоболка и раздразливост.
Според Mayo Clinic, ако консумирате повеќе од 400 милиграма кофеин во краток период, ќе почнете да чувствувате некој од симптомите. Ова се околу пет шолји кафе.
Можете да се предозирате и со други пијалаци кои содржат кофеин, како црн чај или енергетски пијалаци.
Постои разлика помеѓу „decaf“ и „caffeine-free“
Иако на македонски и во двата случаи се користи „бескофеинско“, ако сакате целосно да го избегнувате кофеинот, треба да обрнете внимание на англиските зборови.
„Decaf“ значи дека од кафето се отстранети околу 97% од кофеинот, што значи сепак има малку.
„Caffeine-free“, од друга страна, значи дека во кафето нема воопшто кофеин.
Најскапото кафе во светот содржи измет
Најскапото кафе во светот се нарекува Kopi luwak и една шолја чини од 35 до 100 долари.
Кафето се прави од зрна кои се изедени, па исфрлени од вид животно - Paradoxurus hermaphroditus. Зрната кафе се одвојуваат од изметот и темелно се чистат, па се преработуваат.
Но, проблемот со ова кафе е што поради големата побарувачка, производителите ги затвораат овие животни и да ги присилуваат да јадат зрна кафе.
Во минатото зрната кафе биле собирано од дивината, но денешните методи не се хумани.
Пиењето кафе можеби го продолжува животот
Според обемно истражување спроведено во Британија, луѓето кои пијат кафе можно е да живеат подолго од оние кои не пијат.
Во истражувањето биле анализирани податоци од 500.000 Британци, а резултатите покажале дека оние кои пиеле кафе имале помал ризик од смрт во 10-те години додека траело истражувањето.
Секако, потребни се уште многу пообемни истражувања за да се докаже нешто такво, па немојте да се препуштате 100% на ова верување.
Спирова С. | Црнобело