Шверцувала пелени за да преживее, сопругот го запознала кога ја привел на сослушување – факти за Јелена Бачиќ Алимпиќ

Од ТВ лице до бебиситерка во Канада и шверцер на пелени – Јелена Бачиќ Алимпиќ неколкупати ја менувала кариерата. Вели дека почнала да пишува романи затоа што тоа била последната желба на нејзиниот татко, а сопругот го запознала кога ја привел пред суд –факти за најпознатата српска писателка.

shvercuvala-peleni-za-da-prezhivee-soprugot-go-zapoznala-koga-ja-privel-na-soslushuvanje-fakti-za-jelena-bachikj-alimpikj-01.jpg

Јелена Бачиќ Алимпиќ е позната српска ТВ водителка, а во последните години се прослави и како писателка на балканските простори.

„Рингшпил“ е еден од најпознатите нејзини романи кај нас, а оние што ги прочитале нејзините книги се воодушевени од начинот на пишување, но и од приказните.

Таа во април годинава го објави романот „Клетва“, потресна приказна за три жени, што е мошне актуелна, а на нејзиниот Инстаграм профил редовно споделува фотографии и видеа од приватниот живот.

Сепак, нејзината животна приказна од друга страна наликува на луд роман, исполнет со голем број пресвртници и расплети. Од првиот избор на кариерата, до случајната средба со сопругот и семејната трагедија што ја натера да ја промени кариерата.

Во продолжение прочитајте неколку факти за нејзиниот живот:

Јелена Бачиќ Алимпиќ е родена на 26-ти март 1969-та година во Нови Сад, а денес е во брак со Мирослав Алимпиќ, истражен судија во Вишиот суд во Нови Сад, со кого има две деца, синот Марко и ќерката Дуња.

Како што вели, додека била во средно образование, многу сакала да биде актерка, па победувала на натпревари за рецитирање, на литературни конкурси, учествувала на конференции, по што одлучила да се запише на катедрата за Јужнословенска книжевност и српско-хрватски јазик во Нови Сад.

Додека била студент, Јелена ја добила првата понуда да работи во емисијата Znanje, imanje каде воедно се и нејзините почетоци на малите екрани.

За животот во Канада, но и за средбата со сопругот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава