Како мал бил во кома, поранешната девојка ја изневерил со Шакира – Факти за Жерар Пике
На 10-годишна возраст Пике почнал да тренира за младинската академија на ФК Барселона, а во 2003-та година на 16 години се префрлил во академијата на ФК Манчестер Јунајтед , каде практично и ќе ја започне својата кариера.

Во 2008-ма година за првпат ќе потпише 4-годишен договор со Барселона, тежок околу 5 милиони евра, по што ќе ја започне својата успешна фудбалска кариера.

Додека бил во Англија, Пике бил во врска со Лиза Лазарус (36), британски модел и Мис Универзум за 2008-ма година. Нивната врска завршила кога фудбалерот одлучил да се врати во родната Барселона, а Лиза заминала во Виетнам на натпреварот за Мис Универзум.

Откако со вратил во Барселона, Пике од 2009-та година до 2010-та бил во врска со шпанската актерка и бизнисменка Нуриа Томас. Се верува дека Пике ја изневерил Нуриа со Шакира, а потоа 11 години беше во врска со познатата пејачка со која ги доби двата сина Милан и Саша.

Нуриа во моментов е популарна и по тоа што игра во филмот Bent заедно со Софија Вергара, а кога почнаа гласините за неверствата на Пике, шпанските медиуми побрзаа да напишат дека фудбалерот се помирил со бившата девојка, на што таа одговори:
„Можев да се правам дека не слушнав ништо и да оставам деновите да поминат и сите да ги заборават лагите искажани за мене, но овојпат не можев да го направам тоа. Неверојатно е тоа како измислените вести предизвикуваат голем број реакции и осудувања за мене“.

Нуриа во моментов е среќно омажена за Агустин Пуиг, со кого има две деца.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното)
„Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
