Беше алкохоличар, си го одзеде животот поради деменција - факти за Робин Вилијамс, холивудскиот актер со големо срце
Робин Вилијамс беше зависник од кокаин, но смртта од предозирање на близок пријател „го отрезнила“. Но сепак, речиси целиот живот актерот не успеа да се ослободи од алкохолизмот и си го одзема животот на 63-годишна возраст, пред точно 8 години.
Денес, 12-ти август навршуваат осум години од смртта на познатиот комичар Робин Вилијамс.
Актерот почина на 63-годишна возраст, откако си го одзеде животот по битката со депресија и деменција.
По повод годишнината од смртта, неговите деца му одадоа почит со емотивни објави.
Синот Зек Вилијамс сподели фотографија на Твитер, со опис:
„Тато, на осмата годишнина од твојата смрт, се сеќавам колку добар и весел беше.
Многу ми недостасуваш прекрасен, влакнест човеку и денес ќе го славам твојот живот. Те сакам многу“.
Ќерката Зелда сподели цитат од јапонскиот автор Харуки Мураками:
„И штом ќе помине бурата, нема да се сеќаваш како си ја поминал, како си успеал да преживееш. Нема ни да бидеш сигурен дали бурата е навистина завршена.
Но едно нешто е сигурно. Кога ќе излезеш од бурата, нема да бидеш истата личност која влегла во неа“.
Таа сподели и информации за центри за спречување самоубиство со цел да им помогне на следбениците кои имаат суицидни мисли.
Покрај неверојатниот талент и филмовите што го одбележаа нашето детство, Робин Вилијамс неретко е нарекуван и најдобриот човек во Холивуд.
Секогаш им обрнувал внимание на фановите и секогаш го давал најдоброто од себе за другите околу него да бидат среќни, дури и кога самиот страдал многу.
Во продолжение неколку факти за Робин Вилијамс што можеби не ги знаевте:
Сакал да го глуми Хагрид во серијалот Хари Потер
Хагрид е еден од најпрепознатливите ликови во серијалот Хари Потер, а Робин Вилијамс сакал да го глуми во филмската адаптација.
Но, бил одбиен бидејќи продуцентите сакале да најмат само британски актери.
Беше пријател со познатата горила Коко
Горилата Коко го привлече вниманието на јавноста бидејќи можеше да комуницира со луѓе и разбираше над 2.000 зборови. Исто така, можеше да гестикулира со рацете и правеше над 1.000 знаци кои означуваа разни зборови.
А, Робин Вилијамс имаше можност да ја запознае во 2001 година.
„Коко искористи знаковен јазик за да ми рече да си играме. Заедно се смеевме“, изјави актерот за слатката средба.
Ќерка му е крстена по лик од видеоигра
Ќерката на актерот Зелда е крстена по лик од популарниот серијал видеоигри Legend of Zelda.
Во интервју, тој откри дека откако ја купил играта, ја играл со часови и се вљубил во неа.
Трипати стапи во брак
Актерот стапи во брак трипати, а со последната сопруга беше до крајот на неговиот живот.
Во 1978 година тој се венча со Валери Веларди, но се разделија во 1983 поради неверство од страна на актерот.
Потоа, во 1989 година се венча со Марша Гарсес, а се разделија во 2008 година.
Во 2011 година актерот се венча со Сузан Шнајдер и беа заедно до неговата смрт во 2014-та.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





