„Тој што има млада жена и стара куќа секогаш има работа“ - Холандски поговорки кои се вистинска ризница на мудроста

Поговорките се мали фрази на мудрост, пренесени од генерација на генерација. Додека некои поговорки се чини дека се протегаат преку границите, други се единствени за одредена култура или начин на живеење.

Toj-shto-ima-mlada-zhena-i-stara-kukja-sekogash-ima-rabota-Holandski-pogovorki-koi-se-vistinska-riznica-na-mudrosta 01 630x330.jpg

Поради оваа причина, учењето холандски поговорки и изреки е одличен начин да го проширите вашиот вокабулар и да стекнете културен увид. Овие практични совети и набљудувања навистина можат да послужат како прозорец кон вековната мудрост и традиции на Холанѓаните.

Холандските поговорки се такви - различни од нашите, но од нивните мисли зрачат и мудрост, благородност, животно искуство и трезвеност во размислувањето.

Во продолжение за вас издвоивме 15 холандски поговорки кои се вистинска ризница на мудроста:

„Лошо е дрвото што паѓа на земја од првиот удар“.

„Навистина е чуден овој свет. Човекот ја остава среќата за да брка богатство.“

 „Малите крадци имаат железни синџири, големите златни“.

„Удобноста не познава време“.

„Кога човек ја напушта куќата, дури тогаш дознава што оставил зад себе“.

„Радувај се на розата без трн, а уште повеќе кога трнот има роза“.

„Колку повеќе љубов, толку помалку зборови”.

„Тој што има млада жена и стара куќа секогаш има работа”.

„Познавањето јазици е вратата на мудроста“.

„Никогаш не можете да го преминете океанот, додека немате храброст да го изгубите брегот од вид“.

„За да успеете во животот, потребни ви се две работи: незнаење и самодоверба“.

„Запомни. Секогаш можеш да се откажеш утре.“

„Несреќен во играта, среќен во љубовта“.

„Виното не познава срам. Оди без кошула и панталони“.

„Лажната убавина никогаш не трае долго“.

Мила М. | Црнобело / фото: pixabay

Би можело да ве интересира:

Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Од дете на бегалци до кралица на која сите ѝ се восхитуваат – Факти за Ранија, кралицата на Јордан Побегнала од Кувајт кога имала само 21 година, работела во банка, а денес е крал...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg