Ѕвончица е инспирирана од Мерилин Монро - Факти за Дизни приказните кои ги знаат само најголемите фанови

Знаевте ли дека вистинската приказна за Покахонтас е всушност трагедија? Таа била заробена, била присилена да го прифати христијанството и го добила христијанското име Ребека.

dzvonchica-e-inspirirana-od-merlin-monro-fakti-za-dizni-prikaznite-koi-gi-znaat-samo-najgolemite-fanovi-01.jpg

Неоспорливо, повеќе од 90 години Дизни ја воодушевува својата широка публика без разлика на возраста.

Од скромните почетоци фокусирани на кратките филмови, до многуте популарни анимирани ремек-дела, денес Дизни распространува со бројни франшизи кои спаѓаат под нивниот обемен чадор и навистина може да се гордее со тоа што обезбедува забава за целото семејство.

Многумина од нас пораснаа гледајќи ги овие филмови, а брендот со генерации формираше клучна компонента од нашите животи. Сепак, колку и да мислите дека го познавате Дизни, има многу работи кои ова семејство „себично“ ги криеше со цел да ја зачува постоечката слика по која се познати.

Без разлика дали сте обичен гледач или посветен љубител, има многу неверојатни приказни, теории и увиди зад сцената кои звучат целосно измислено - но всушност се вистинити и ќе ве натераат да се сомневате во сѐ што сте мислеле дека знаете за Дизни.

Во продолжение за вас издвоивме симболични факти за Дизни приказните кои ги знаат само луѓето „зад камерите“ и најголемите фанови:

1. Гласот на Лило од Lilo&Stich е Дејви Чејс - истата девојка кoја ја глуми Самара Морган во добропознатиот The Ring.

2. Додека ние го знаеме како Принцот (Prince Charming), момчето кое ѝ го краде срцето на Пепелашка всушност никогаш не е именувано за време на филмот.

3. Репликите на Џинот во „Аладин“ биле снимени на 20 различни начини. Екипата изјави дека толку многу ја сакала работата на Робин Вилијамс, што само ги избрале репликите што најмногу ги насмеале.

4. Иако Ѕвончица (Tinker Bell) е нацртана според актерката Маргарет Кери, постои верување дека Мерилин Монро била инспирација за изгледот на популарниот лик.

Tinkerbel-e-inspirirana-od-Merlin-Monro-fakti-za-Dizni-prikaznite-koi-gi-znaat-samo-lugjeto-zad-kamerite -2 630x380.jpg

5. Во оригиналната приказна, Мулан се враќа дома за да открие дека нејзината мајка е премажена, а нејзиниот татко починал.

6. The Aristocrats е последниот филм на Дизни што бил одобрен од Волт Дизни пред неговата смрт.

7. Постои причина зошто Бел носи сино во Beauty and the Beast. Всушност, таа е единствената во нејзиното село што ја носи оваа боја бидејќи симболизира дека е отфрлена.

Tinkerbel-e-inspirirana-od-Merlin-Monro-fakti-za-Dizni-prikaznite-koi-gi-znaat-samo-lugjeto-zad-kamerite -3 630x380.jpg

8. Вистинската приказна за Покахонтас е трагедија. Таа била заробена, била присилена да го прифати христијанството и го добила христијанското име Ребека.

9. Запустената футуристичка пустелија во која живее Wall-E е заснована на вистинската нуклеарна катастрофа во Чернобил.

10. Карл носи машна, а не вратоврска на погребот на Ели во Up, бидејќи вратоврските секогаш му ги врзуваше токму таа.

Tinkerbel-e-inspirirana-od-Merlin-Monro-fakti-za-Dizni-prikaznite-koi-gi-znaat-samo-lugjeto-zad-kamerite -4 630x380.jpg

11. Дизниевиот The Princess And The Frog предизвикал појава на салмонела. Иако ова звучи речиси неверојатно, забележана е појава на салмонела кратко време по објавувањето на цртаниот филм, конкретно предизвикана од жаби. Постоела голема сугестија дека тоа го предизвикале деца кои се обидувале да бакнат жаби и да ги претворат во принцови.

12. Урсула, морската вештерка од The Little Mermaid, всушност е базирана на пејачката Дивајн, која беше популарна во 1970-тите.

Tinkerbel-e-inspirirana-od-Merlin-Monro-fakti-za-Dizni-prikaznite-koi-gi-znaat-samo-lugjeto-zad-kamerite -5 630x380.jpg

13. Во книгата „Ѕвонарот на богородичната црква“ која е инспирација за The Hunchback of Notre Dame, Есмералда умира, а нејзиното тело без церемонија е фрлено на гробиштата за да се распадне. Квазимодо останува покрај нејзиното мртво тело од тага додека, сѐ додека не умре од глад.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Сопругот ја изневерувал со мажи, се предозирала: Трагичниот живот на принцезата Маргарет, сестрата н... Не ѝ дозволиле да се венча со љубовта на нејзиниот живот, сопругот ја изневерува...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg