Тажната приказна на втората љубовница на Чарлс, што сите ја заборавија - била опседната со него, не криела дека имаат афера

Ако Камила знаела да биде дискретна за аферата, Дејл Тајрон Канга сакала насекаде да се фали дека е љубовница на принцот. Неколку месеци пред нејзината смрт во 1997-ма година била опседната со него и го прогонувала – која е заборавената втора љубовница на сега веќе кралот Чарлс?

bila-opsednata-so-nego-ne-kriela-deka-imaat-afera-tazhnata-prikazna-na-vtorata-ljubovnica-na-charls-shto-site-ja-zaboravija-01.jpg

Наводно, во минатото Чарлс бил подеднакво вљубен во Дејл Тајрон Канга како што бил и во Камила.

Таа дури ѝ била и пријателка на Дијана, а нивната афера траела во 1970-тите години, но една работа била клучна за Чарлс да одлучи да се оддалечи од неа и да остане со Камила.

Во 2008-ма година беше објавен документарен филм Prince Charles' Other Mistress за односите меѓу Чарлс и Дијана и според филмот, во 70-тите години на минатиот век, пред да се ожени за 19-годишната Дијана, Чарлс имал голем проблем – не можел да одлучи дали ќе спие со Камила или со лејди Тајрон.

bila-opsednata-so-nego-ne-kriela-deka-imaat-afera-tazhnata-prikazna-na-vtorata-ljubovnica-na-charls-shto-site-ja-zaboravija-02.jpg

Двете жени му биле љубовници на Чарлс, а заедничко им е и тоа што и двете биле во брак со други мажи.

Историски гледано, членовите на британското кралско семејство кога бирале љубовници секогаш барале жени во брак, затоа што сметале дека тие ќе бидат подискретни.

И двете жени ќе родат синови во бракот на кои кум им е Чарлс и кои го носат неговото име.

За Камила се пишувало многу, така што и речиси сите знаат сè за нивните афера, додека за Лејди Тајрон се знае многу малку.

Во продолжение повеќе факти за заборавената љубовница на Чарлс:

Дејл била родена во 1947-ма година во Австралија, а во своите 20-ти години од животот се преселила во Лондон. Со принцот се запознала преку нејзиниот сопруг Лорд Тајрон, кој бил пријател со Чарлс.

Таа воопшто не била навикната на кралските протоколи и се смета дека токму со таа своја особина го привлекла принцот: затоа што не му се поклонувала туку била мошне природна и забавна.

Дополнително, лејди Тајрон, позната и како Канга, била лудо вљубена во Чарлс, а се смета дека принцот повеќе ја сакал и од Камила.

bila-opsednata-so-nego-ne-kriela-deka-imaat-afera-tazhnata-prikazna-na-vtorata-ljubovnica-na-charls-shto-site-ja-zaboravija-03.jpg

Единствениот проблем бил во тоа што, ако Камила знаела како да биде дискретна, Канга сакала јавно да зборува за нејзината врска со принцот. Таа видела колку голем публицитет стекнува со статусот љубовница и сакала тоа да го искористи.

Новинарите и фотографите од тоа време пренесуваат дека таа самата им се јавувала за да ги извести кога и каде ќе се сретне со принцот и им давала материјал за ексклузивни приказни – што според кралското семејство се сметало за предавство.

bila-opsednata-so-nego-ne-kriela-deka-imaat-afera-tazhnata-prikazna-na-vtorata-ljubovnica-na-charls-shto-site-ja-zaboravija-08.jpg

На крај, покрај големиот број ситни детали што ги споделила, таа излегла во јавноста со тврдење дека има голем број љубовни писма од неговото височество. Иако никој не ја открил нивната содржина, тоа бил одличен маркетинг трик што таа го искористила за да го промовира својот нов бутик Канга во Лондон.

На еден настан дури и принцезата Дијана била забележана како носи нејзина креација.

bila-opsednata-so-nego-ne-kriela-deka-imaat-afera-tazhnata-prikazna-na-vtorata-ljubovnica-na-charls-shto-site-ja-zaboravija-11.jpg

Токму поради тоа што Канга не знаела како да биде дискретна, Чарлс почнал да се оддалечува од неа и повеќе да се зближува со Камила.

bila-opsednata-so-nego-ne-kriela-deka-imaat-afera-tazhnata-prikazna-na-vtorata-ljubovnica-na-charls-shto-site-ja-zaboravija-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Се „нафрлил“ врз неа по првата средба, сакала да ја откаже свадбата - Помалку познати детали од врск... Се запознале кога таа имала само 16 години, а нејзината сестра рекла дека не би ...
„Жената мора да има најмалку тројца сопрузи“: 20 љубовни лекции од дивата која била мажена дури 9 па... „Сакам маж кој е љубезен и разбран. Дали е премногу да се бара тоа од милионер?“...
Страдал од „синдром на врколак“, го третирале како животно – потресната приказна на мажот кој е инсп... Поради густите влакна на целото тело, Петрус Гонсалвус, но и неговите деца, биле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg