27 години помладата љубовница го тужи за вознемирување, заради скандали живееше во егзил – Факти за шпанскиот крал Хуан Први
По скандалите за корупција две години живееше во егзил во Дубаи, имал афера со 27 години помлада жена која го тужи за вознемирување, а велат дека својата снаа, кралицата Летиција ја третирал како слугинка – Факти за поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос.
Меѓу големиот број познати јавни лица и лидери што се појавија на погребот на кралицата Елизабета беше и поранешниот шпански крал Хуан Карлос Први (84).
Воедно ова е едно од неговите ретки појавувања во јавност, откако во последните две години живееше во егзил во Дубаи.
Очигледно, и покрај тоа што имало препораки тој да не се појави на погребот, Хуан Карлос одлучил да ѝ оддаде почит на неговата братучетка, а неговото појавување привлече големо внимание кај јавноста.
Во Шпанија се соочуваше со обвинувања за корупција, а во Велика Британија го бараат заради обвинение за вознемирување.
Што знаеме за Хуан Карлос Први и како шпанското кралско семејство е поврзано со британското?
Хуан Карлос Први владееше со Шпанија во периодот од 1975-та година, до 2014-та година и важи за еден од најконтроверзните кралеви во европската историја.
Тој дошол на власт по смртта на Генерал Франко кој имал воспоставено тоталитарна власт. Неговото доаѓање на власт било сосема случајно.
Генерал Франко бил дедо на Хуан и по правило круната требало да ја наследи таткото на Хуан Карлос, кој исто така се викал Хуан Карлос, но е попознат како Дон Хуан.
Дон Хуан се откажал од круната и таа требало да му припадне на најстариот син, кој загинал во сообраќајна несреќа.
Вториот син, пак, се откажал заради здравствени причини и така Хуан Карлос иако бил трет по ред наследник, успеал да дојде на власт само 2 дена по смртта на Франциско Франко.
Хуан Карлос се оженил за принцезата на Грција, Софија. Јасно е дека овој брак бил со цел да се подобрат односите со Грција. И двете кралски семејства, пак, се тесно роднински поврзани со кралското семејство во Британија.
Хуан Карлос е во роднински врски со кралицата Елизабета, затоа што неговата баба била внука на кралицата Викторија (пра-прабабата на Елизабета), а Софија, пак, е внука на принцот Филип (сопругот на Елизабета).
Така шпанското кралско семејство од две страни е роднински поврзано со британското.
Интересно е тоа што иако имал складен брак со Софија, за него се пишувало дека имал голем број афери. Па така биографот Мартинез Инглез во книгата Јuan Carlos: The King Of 5.000 Lovers, пишува дека тој успеал да ја заведе дури и принцезата Дијана.
За време на своето владеење Хуан Карлос во основа уживаше големи симпатии кај својот народ, сѐ до почетокот на 2000-тите години кога за првпат тој почна да се соочува со критики во јавноста. Негово главно хоби беше ловот на мечки и слонови, па така ова скапо хоби му донесе голем број проблеми.
Во 2004-та година за првпат се најде на мета на критики откако се појавија информации дека убил 9 мечки, меѓу кои и една бремена, а во 2006-та година имаше гласини дека убил и питома пијана мечка за време на неговото приватно патување во Русија. Овие гласини беа отфрлени од шпанското кралско семејство.
Во 2014-та година Хуан Карлос беше топ тема во сите светски медиуми кога во екот на Светската финансиска криза и кога неговата земја се соочуваше со огромни финансиски проблеми, тој замина на скапо сафари патување за лов на слонови во Боцвана.
Прочитајте и Свекорот не ја сакал и ја нарекувал „слугинка“, ја обвинуваа за абортус во првиот брак – Факти за кралицата Летиција од Шпанија
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





