27 години помладата љубовница го тужи за вознемирување, заради скандали живееше во егзил – Факти за шпанскиот крал Хуан Први
Иако јавно се извини за патувањето, јавноста немаше премногу разбирање за неговото скапо хоби. Против него не се свртеа само борците за заштита на животната средина, туку целата јавност.
На анкетите се покажа дека две третини од народот од Шпанија бара тој да абдицира, па така на 18-ти јуни 2014-та година тој се симна од тронот и му го отстапи на неговиот син Фелипе, а со тоа снаата Летиција (која, според сведоштвата, ја третирал како слугинка), стана кралица-придружничка.

Хуан Карлос повторно беше во фокусот на јавноста во 2020-та година кога во Шпанија беше обвинет за измама и проневера за време на неговото владеење. Веднаш по обвинувањето Хуан Карлос побегна од земјата.

Иако првично не се знаеше каде се упатил поранешниот шпански крал, подоцна беше откриено дека тој во изминатите 2 години, од 2020 до 2022 престојувал во Дубаи. Во Шпанија се врати изминатата пролет, откако беа повлечени сите обвинувања против него заради недостаток на докази.
Но, Хуан Карлос сѐ уште не е целосно слободен човек, затоа што нему му се заканува затворска казна и во Британија, каде го товарат за извршено кривично дело вознемирување. Тој првично побара да му биде дозволен владетелски имунитет, но откако неговото барање беше одбиено, тој сега се соочува со нови легални проблеми.

Во периодот од 2000-та до 2006-та година Корина цу Зајн Витгенштајн била организатор на ретки тури за лов на животни, а кралот на Шпанија го запознала во 2004-та година. Тој дури и ја вработил Корина за да го организира медениот месец на неговиот син Фелипе и на Летиција.

Кога Корина го запознала Хуан, зад себе имала два брака. Во 1989-та година се омажила за британскиот бизнисмен Филип Адкинс со кого добила една ќерка, а во 2000-та се омажила за Касимир, принцот Цу Зајн Витгенштајн, со кого добила уште еден син, принцот Александар Кирил.

Во 2004-та година Корина му стана љубовница на 27 години постариот Хуан Карлос, а нивната врска траела до 2009-та година. Тие двајца заедно оделе на сафари патувања во Боцвана, а беше докажано дека тој ѝ дал скромен подарок од 65 милиони евра скриени во офшор сметка.

Минатата година Корина во Велика Британија поднесе тужба против Хуан Карлос за вознемирување. Таа тврди дека поранешниот крал со помош на тајните служби ја следел, ги хакирал нејзините телефони и ја вознемирувал во периодот од 2012-та до 2021-та година.

По големиот број скандали поврзани со неговиот татко, неговиот син Филипе во 2020-та година мораше јавно да му го одземе кралскиот хонорар, а јавно се откажа и од наследството, откако се дозна дека Хуан Карлос имал милиони во офшор сметки што ги заработил во скандалозни зделки со Саудиска Арабија.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс
Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...