Ја натерале да се омажи за да не остане сама, позната е и по тоа што „не старее“ и на 70 години – Факти за Вера Ванг
Татко ѝ не ѝ дозволил да студира мода и дизајн, дури на 40 години одлучила што сака да работи, а славата ја стекнала благодарение на сопругот со кого се разведе по 23 години брак – факти за модната дизјанерка што не старее Вера Ванг.

Позната е како модната дизајнерка што никогаш не старее. Во осмата деценија од животот Вера Ванг привлекува внимание како со сопствените модни креации, така и заради младешкиот изглед, па речиси никој не може да верува дека таа има 73 години.

Модната дизјанерка со децении наназад важи за моден авторитет, а интересно е тоа што дури на 40 години одлучила со што навистина сакала да се занимава во животот.
Во продолжение неколку интересни факти за модната дизајнерка што можеби не сте ги знаеле:
Вера е родена во 1947-ма година во Њујорк. Мајка ѝ работела како преведувач во Обединетите Нации, а нејзиниот татко имал сопствена медицинска компанија.

На 8-годишна возраст Вера почнала да се занимава со уметничко лизгање и долго време верувала дека ќе се занимава со спорт сѐ додека во 1968-ма година не била одбиена од олимпискиот тим на САД, по што таа решила драматично да го промени животот.

Додека била мала се сеќава дека мајка ѝ знаела да ги импресионира другите со својата облека, па така за време на универзитетското образование Вера сакала да биде што е можно поблиску до светот на модата и почнала да работи како продавачка во бутик и така две лета работела во продавница на Yves Saint Laurent.

Во една прилика, таа откри дека сакала да студира мода и дизајн, но нејзиниот татко одбил да ѝ даде пари за тие студии затоа што не верувал дека таа нeкогаш ќе најде работа со таа диплома.

Откако се стекнала со диплома од областа на историјата на уметноста, Вера почнала да работи во магазинот Vogue. На возраст од само 23 години таа била една од најмладите уредници на списанието, а потоа кога сметала дека постигнала сѐ што може да постигне, ѝ отворила простор на Ана Винтур, жената што денес е синоним за Vogue.

Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...