„Брако приколка на паркинг во Карпош 1 - шармот на моето Скопје“

Се сеќавате ли на брако приколките за кампување? Тоа беше едно поинакво време со посебен шарм, но има скопјани кои до ден денес ги чуваат како највредно богатство.

brako-priokolka-na-parking-vo-karposh-1-sharmot-na-moeto-skopje-01.jpg

Теа Трпковска е девојката која е позната по своите магични раце и одличните рецепти и има повеќе од 4.000 следбеници на Инстаграм.

Но, овојпат таа не сподели рецепт, туку сцена од Скопје која ја враќа магијата на едно минато време.

Станува збор за брако приколка паркирана во скопската населба Карпош 1.

„Шармот на моето Скопје во неговите трошки минато - брако на паркинг во Карпош 1. Замисли си скопско семејство, возбудено за нивниот прв голем одмор, оваа година. Прво ја извадиле приколкава од гаража, па ја отвориле за да ја исчистат.

Дома припремаат сѐ за одморот. А, приколкава всушност има тајни спомени уште од многу одамна. Фамилијарни спомени од баба и дедо. Ама, прекрасно“, напиша Теа во описот на фотките.

https://www.instagram.com/p/CQ_kArUrrvz/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничава фотка: Зошто не треба да ги оставате очилата во автомобилот кога е сончево? Пожарна служба од англиска област сподели фотка на која се гледа автомобил со из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg