Така отсекогаш се прави

taka-otsekogas-se-pravi-povekjeДве студентки цимерки пржат виршли. Едната им отсекува по едно парченце од краевите и ги става во тавчето. Другата зачудено ја прашува:


- Зошто им ги сечеш краевите?
- Па не знам, ама мајка ми секогаш така ги прави.

За викенд девојката си оди дома и ја прашува мајка си:
- Мамо, зошто секогаш ги отсекуваш краевите кога правиш виршли?
- Уф, не знам баш, ама баба ти секогаш така ги прави...

Девојката се јавува кај баба ѝ за да ја праша.
- Не знам точно, семејна традиција е. Мајка ми секогаш така ги правеше.

Девојката оди да ја посети својата прабаба во дом и конечно да ја открие оваа кулинарска тајна.

- Бабо, зошто на виршлите пред печење им се отсекуваат краевите?

- АМАН, УШТЕ ЛИ НЕ КУПИВТЕ ПОГОЛЕМО ТАВЧЕ!!? - не можела да поверува бабата.

Поука: Само затоа што нештата така се правеле во минатото, не значи дека мора така да се прават и денес. Користете логика :)

Би можело да ве интересира:

Фото-компилација: „Ремек-дела“ од мајстори кои едвај чекале да си одат дома Велосипедска патека која минува преку ограда, банкомат поставен на височина од м...
Смешна фото-компилација: Луѓе кои „станале на лева нога“ Заборавена пица во рерната, скршена тава од челик, скинат патент на првиот работ...
Смешна фото-компилација: „Специјалитети“ од луѓе кои никогаш не треба да стапнат во кујна Мизерна вечера од виршли и стопен кашкавал, перек од ракчиња кој изгледа сомните...
Фотки од дизајни на луѓе кои дефинитивно заслужуваат отказ Скали кои не се гледаат од горе, боја за коса што изгледа како житарици… Скал...
Смешно-тажна компилација: Луѓе кои направиле (многу) скапи грешки „Ако имате лош ден, само да ви кажам дека денес скршив старо шише вино кое чини ...
Фото-докази дека браќата и сестрите го прават животот многу позабавен „Ми ја ампутираа ногата и брат ми дојде да ме посети во болница облечен како пир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg