„Уживај ќе средиме, имам врски“ – Македонија и сè е можно
„Уживај ќе средиме, имам врски! Имам човек - без грижа!“... Колку често ја слушате оваа фраза? Дали ве иритира што ви требаат врски и за да си завршите некој лекарски преглед или некоја редовна процедура со документација?
Ми треба термин за специјалистички докторски преглед.
Уживај ќе средиме, имам врски!
Немам доволно поени, но сакам да влезам во тоа средно училиште или на тој факултет.
Уживај ќе средиме, имам врски!
Сакам да возам по градските улици како да сум на рели и да минам неказнето.
Уживај ќе средиме, имам врски!
Сакам да не работам, а да земам плата.
Уживај ќе средиме, имам врски!
Сакам да добијам попуст за услугата која моментално не е на попуст.
Уживај ќе средиме, имам врски!
Сакам да изградам нешто, но немам соодветна документација.
Уживај ќе средиме, имам врски!
Сакам да му земам неколку квадрати на соседот од дворот.
Уживај ќе средиме, имам врски!
Сакам да го заобиколам законот и да поминам по полесниот пат.
Уживај ќе средиме, имам врски!
Ќе ја дополните ли листата?
С. С. | Црнобело / фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI
Би можело да ве интересира:

