Виц: Како да ги натераш да скокнат од брод?

vic-kako-da-gi-nateras-da-skoknat-od-brod

На брод се возеле Американец, Англичанец, Русин, Германец, Французин и Македонец. Бродот удрил во санта мраз и капетанот му наредил на еден од морнарите да им соопшти на патниците дека за да се спасат ќе треба да скокаат во вода.

Се вратил морнарот изнервиран и му се жали на капетанот дека патниците одбиваат да скокнат.

Тогаш отишол капетанот и се вратил за 5 минути.
- Скокнаа - му рекол на морнарот.
- Па, како успеавте да ги натерате?

А капетанот му одговорил:
- На Англичанецот му реков дека тоа е спортски, на Русинот дека е револуционерно, на Германецот дека е наредба, на Французинот дека е отмено, на Американецот дека е осигурен, а на Македонецот дека е забрането.

Би можело да ве интересира:

Капија удира скијач по половиот орган, американски боб-тим се „крши“ на мразот: Најсмешни моменти од... „Плановите за инвазија на Гренланд се откажани“, се шегуваат на Твитер, откако а...
Смешни промашувања од дизајнери кои очигледно си ја мразат работата (фото) Јавен тоалет во кој можат да ве видат од сите страни, мијалник кој ќе ве направи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg