Македонски предбрачен договор

Драги жени, отворете четири очи кога ќе стапувате во брак. Или најдобро, побарајте си предбрачен договор за да видите што ве очекува.

makedonski-predbracen-dogovor

Еве како би можел да изгледа:

1. Гледање серии е дозволено само кога се репризите, меѓу 2 и 5 часот наутро по средноевропско време. Тон не е дозволен.

2. Гледање реални шоуа не е дозволено ниту во главен ниту во репризен термин затоа што го контаминира мозокот што може да има понатамошни последици по животот.

3. Мир и тишина за време на фудбал е од витално значење за мирот и тишината во куќата. Во овој период забрането е движење на другарки низ домот затоа што произведуваат поголема галама отколку стадион со 100.000 навивачи.

4. За време на гледање телевизија, сосема е нормално нозете да ги држам на маса.

5. Телефонските одговори ако траат помалку од 10 минути, се одвиваат во просторија во која јас во тој момент не егзистирам. Ако се подолги од 10 минути, се одржуваат на тераса.

6. Трошките ќе бидат избришани покасно.

7. Гаќите и чорапите ќе ги соберам утре.

8. Две ракии пред ручек и едно пиво после ручек се традиционален ритуал во моето семејство и како такви се неизоставни. Две пива пред спиење не е ритуал, но исто така се неизоставни.

9. Ручек правиш ти. Гаќи переш ти. Ти пеглаш. Ти ја чистиш куќата. Јас цепам дрва, отварам тегли, убивам бубачки и претепувам потенцијални крадци. Можеме да се замениме ако мислиш дека ти можеш да совладаш пијаница што дошол да ни го украде бојлерот.

10. Киселата зелка не смрди и се става секоја година.

11. Кумот во куќата е пожелен како хуманитарна помош во Сомалија.

12. Пушењето во домот е дозволено и пожелно во неограничени количини и во сите простории.

13. Името на синот му го давам јас. На ќерката можеш ти, ама секако сите ќе ја викаме „сине“.

14. Синот уште од раѓање се облекува како машко. Нема да има ни дамка розева.

15. Инцидент од типот твоите родители на гости, може да се случи само на роденден.

16. Ако сме двајцата во кола, возам исклучиво јас. Ако сме двајцата во кола, ти трезна, а јас пијан, пак возам јас.

17. Друштвото е институција. Еднаш во неделата задолжително посетувам кафана, а ти оди кај сакаш.

18. Сексуалните односи не се практикуваат почесто од три пати неделно. Кога децата ќе тргнат во школо, само кога ќе донесат петка на писмена. Кога ќе тргнат на факултет, само на денот кога ќе дипломираат.

Со љубов, твојот иден маж.

Би можело да ве интересира:

Хит видео: Што можеш да правиш на Миконос за помалку од 50 евра - Да лежиш на песок, да седиш на ска... Високите цени на грчкиот остров Миконос секогаш се тема на дискусија и шеги, а с...
Смешни несреќни ситуации кои ќе ви одат на нерви иако не ви се случиле вам Тортата што требаше да го открие полот никогаш не ни даде одговор. Дали сами тре...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
12 докази дека машката и женската логика се различни како небо и земја (фото) „Го прашав сопругот колку е долга кујнската маса - ми испрати фотографија на кој...
„Го учам маж ми како да оди - откако помина 4 часа на тоалетната школка со телефонoт во раце“ Долгото седење на тоалетната школка кај мажите има повеќе негативни ефекти, но н...
Фотки кои ќе ги разберат луѓе кои готват по рецепт (и никогаш не им излегува како што треба) Колку пати ви се случило да готвите точно по рецепт и резултатот да биде тотално...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg