Виц на денот: Како Трпе дели откази?

Добил Трпе нова работа како шеф во некоја фирма и се решил уште од почеток да им покаже на сите дека нема зезање со него.

vic-na-denot-kako-trpe-deli-otkazi

Се шетал првиот ден низ канцелариите и видел еден дечко како ноншалантно се потпира на ѕидот и гледа во празно.

Трпе си помислил дека е тоа одлична прилика да им покаже на сите дека така не се работи па му пришол на дечкото и го прашал:

- Колку ти е тебе плата?

Овој го погледнал па му рекол:

- 100 евра неделно...

Трпе извадил пари од џебот, избројал 200 евра и му ги пикнал во рака на дечкото:

- Еве ти за две недели и губи се од овде, бадијалџија еден, око да не ти видам веќе!

Типот си ги земал парите, ги наведнал рамениците и си отишол. Останатите вработени го гледале Трпе со ширум отворени очи и уста, а тој полн себе ги прашува:

- Добро, што правело ова мрзливо говедо до сега во фирмава?

Сите се погледнале меѓу себе, а најстариот собрал храброст и му рекол:

- Носеше пица...

Би можело да ве интересира:

Хит видео: Што можеш да правиш на Миконос за помалку од 50 евра - Да лежиш на песок, да седиш на ска... Високите цени на грчкиот остров Миконос секогаш се тема на дискусија и шеги, а с...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
Смешна фото-компилација: Луѓе кои „станале на лева нога“ Заборавена пица во рерната, скршена тава од челик, скинат патент на првиот работ...
Хит приказна: Вработен во фирма им барал пари на заем на сите колеги... Еден дечко се вработи во мојата канцеларија пред шест месеци, и уште во првата н...
Фото-компилација: „Ремек-дела“ од мајстори кои едвај чекале да си одат дома Велосипедска патека која минува преку ограда, банкомат поставен на височина од м...
Фото-компилација: Смешни изведби од луѓе кои решиле да бидат „сам свој мајстор“ Клима уред што е инсталиран надвор, скалила кои личат како да се направени од ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg