Виц: Домашната помошничка бара покачување

Домашната помошничка кај Трпана и Трпе барала покачување на платата.

vic-domasnata-pomosnicka-bara-pokacuvanje

Трпана се налутила па ја прашала:

- Па добро Марија, ај кажи ми барем една причина зошто мислиш дека заслужуваш покачување?

Помошничката одговорила:

- Не е една, туку 3 причини!

Трпана: Добро, кажи ми ја првата!

Марија: Првата причина е затоа што пеглам подобро од вас.

Трпана: Кој ти кажал така?

Марија: Тоа ми го кажува вашиот маж.

Трпана: А, која е втората причина?

Марија: Готвам подобро од вас.

Трпана: Немој да ми кажеш дека и ова го кажал мојот маж?!

Марија: Токму така, тоа го вели вашиот маж.

Трпана: А, која е третата причина?

Марија: Третата причина е тоа што сум подобра љубовница од вас.

Трпана (сега целата поцрвенета во лицето): Немој да ми кажеш дека и ова го вели мојот маж?!

Марија: Не госпоѓо. Тоа го кажува вашиот градинар.

Трпана: Колку рече сакаш покачување...?

Би можело да ве интересира:

10 фото-докази дека некој имал полош ден од вашиот (и ќе ви олесни) „Браво за човекот кој оставил гума за џвакање на појасот во авион / Седнав во то...
„Го учам маж ми како да оди - откако помина 4 часа на тоалетната школка со телефонoт во раце“ Долгото седење на тоалетната школка кај мажите има повеќе негативни ефекти, но н...
Капија удира скијач по половиот орган, американски боб-тим се „крши“ на мразот: Најсмешни моменти од... „Плановите за инвазија на Гренланд се откажани“, се шегуваат на Твитер, откако а...
Смешни улични моменти кои ќе ве насмеат во време кога на сите ни треба позитива (фото) Смешни ситуации со деца, но и други случки уловени во вистински момент, благодар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg