Виц: Пристигнување на небото

Еден човек се нашол пред портите на Свети Петар кој сфатил дека влегувањето во рајот и не е така едноставно. Постојат многу критериуми кои треба да се исполнети пред да ти биде дозволено да влезеш.

pristignuvanje-na-neboto-01

На пример, дали си водел верски живот? Дали редовно си ја посетувал црквата? Не? Свети Петар го прекорил за тие дела.

Дали постојано си бил дарежлив? Дали си им давал пари на сиромашните? Дали си учествувал во некои добротворни манифестации? Не? Свети Петар повторно признал дека тоа е многу лошо.

Дали некогаш си направил било какво добро дело? Дали си му помогнал на својот сосед? Во било што? Не? Свети Петар почнал да станува сè позагрижен.

Очаен, Свети Петар му рекол: „Види, сите некогаш сме направиле нешто добро. Соработувај, се трудам да ти помогнам. Мисли!“

Човекот по кратко размислување, објаснил:

„Додека се враќав од продавница видов една старица падната на земја и опколена со десетина моторџии. Се обидуваа да и ја земат чантата, ја туркаа, ја навредуваа.... Малку се разлутив, па решив да се изборам со силните момци. Успеав некако да и ја вратам чантата и неколку секунди подоцна му се обратив на главниот од моторџиите. Малку разлутен, му реков неколку силни зборови и се завртев... “

„Леле“, рекол Петар, „Тоа било неверојатно. Кога се случило?“

„Па, пред околу 10тина минути“, одговорил тивко.

Би можело да ве интересира:

Хит видео: Што можеш да правиш на Миконос за помалку од 50 евра - Да лежиш на песок, да седиш на ска... Високите цени на грчкиот остров Миконос секогаш се тема на дискусија и шеги, а с...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
Смешна фото-компилација: Кога готвачите користат сè, освен чинија за сервирање Вегански оброк сервиран на коска или, пак, јадење послужено на делче од скршена ...
Смешна фото-компилација: Разочарувањето кога ќе ви стигне нарачката од TEMU Погрешни димензии, потполно различен производ, па и празна кутија – колкупати ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg