Виц: Хасо посетува вечерна школа

vic-haso-posetuva-vecerna-skola-01

- Знаеш ли ти кој е Александар Македонски? – Хасо го прашува Мујо.

- Не знам!

- Епа, гледаш Мујо, тој некогаш бил голем војсководец кој владеел со половина од светот!

- А од кога си ти одеднаш така паметен?

- Епа, гледаш Мујо, тоа го научив во вечерната школа. Секоја среда одам на вечерна школа од седум до десет навечер.

- А ти знаеш ли кој е Наполеон?

- Не знам!

- Епа, гледаш Мујо, тоа е голем војсководец на кој му припаѓала половина Европа, а пораз доживеал кај Ватерло. И тоа го научив во вечерната школа.

- А ти знаеш ли, Хасо, кој е Суљо?

- Никогаш не сум слушнал, Мујо!

- Епа, гледаш Хасо, тоа е типот кој е со жена ти Фата секоја среда од седум до десет кога ти си на вечерна школа.

Би можело да ве интересира:

Смешна компилација: Мемиња во која ќе се пронајде секоја жена Дали плачете кога сте под многу стрес? А, дали ви се случува да ви се размачкаат...
„Знаете како завршува ова“: Фотки направени миг пред да се случи катастрофа Семејство кое позира на дрвен мост кој се крши, жена која несвесно стои до кроко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg