Виц: Трпе и Цветко во коцкарница
Дошле Трпе и Цветко во коцкарница и одлучиле да ја пробаат среќата на рулетот. Собрале сè што имале по џебовите, но не можеле да се договорат на кој број да го стават влогот, па Трпе предложил:

- Цветко, ајде вака. Колку пати си имал секс со жена ти месецов?
Цветко се замислил па кажал:
- Шест пати!
Трпе продолжил:
- Добро, јас со мојата имав осум пати, тоа е 14. Одиме и ставаме на тој број.
Ги вложуваат парите, рулетот се врти и застанува на бројот два.
И двајцата излегуваат тажни од казиното, кога Цветко, тивко:
- Е мој Трпе, да бевме искрени сега ќе бевме богати...
Би можело да ве интересира:
Смешна фото-компилација: Разочарувањето кога ќе ви стигне нарачката од TEMU
Погрешни димензии, потполно различен производ, па и празна кутија – колкупати ви...
