Насмевка за почеток на неделата

Кога викендот е далеку, подобро е неделата да ви започне со насмевка. Дозволете си првото нешто што ќе го прочитате да ви предизвика насмевка која ќе ви го направи денот, ќе ве расположи и наполни со позитивна енергија за цела недела. Насмејте се широко и гласно.

nasmevka-za-pocetok-na-denot-01

Ако некој ве изнервира, слободно прочитајте повторно  и вратете си ја насмевката.

Програмер

Мажот програмер се враќа дома доцна вечерта и жената го дочекува:

-Каде беше цела ноќ? Признај!

-Па знаеш, драга, вчерашниот состанок се одложи, па на нашата нова секретарка и отиде последниот автобус. Ме замоли да ја однесам до дома. Кога стигнавме видов дека ми се дупнала гумата, па морав да ја сменам. Секретарката љубезно ме повика во својот дом за да ги измијам рацете и ми свари чај со рум. Кога сакав да си заминам видов дека полицајци на нејзината улица ги запираат автомобилите и ги проверуваат возачите дали пиеле алкохол. Почекав да си заминат, но тие многу се задржаа. Тогаш секретарката ми предложи да преспијам кај неа...и...ете...

- Не лажи, кретену! Знам дека пак цела вечер си бил во канцеларија и си зјапал во компјутерот!

Полицаец

Полицаец запира возило со куче на совозачкото седиште.

-Знаете ли дека не смеете да го возите кучето на предното седиште?

-Но, тоа е плишано куче! – одговара возачот

Полицаецот: Расата не е важна!

Глуп

Жената му се дере на мажот:
- А, бе, мажу, колку си глуп, поглуп не можеш да бидеш! Ууууф, колку ме нервираш... Да имаше натпревар во глупост, второ место ќе освоеше!
- Зошто па сега второ место?
- Па, затоа што си глуп!

Сила

Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

Молери

Убава млада жена лежи на болнички кревет и чека да ја оперираат. Доаѓа човек во бел мантил, го крева чаршавот, ја одмерува голата жена горе доле и се тргнува на страна да се консултира со уште двајца во бели мантили. Доаѓа вториот и тој ја прегледува жената. На крајот доаѓа третиот и откако ја прегледува, жената веќе нетрпелива го прашува:
- Абе докторе, добро е што ме прегледувате, ама кога ќе почнете со операција?
- Не знам јас тоа, ние сме молери.

Сведоци

Судијата го прашува Рамче:
- Рамче, зошто крадеше?
- Ма не сум крадел, жими деците.
- Си крадел, си крадел, те виделе двајца сведоци.
- Не сум крадел судијо, жими све, имам 100 сведоци кои не ме виделе.

Полицаец и русокоса

Некој полицаец стопирал русокоса:
-Дај ми возачка.
-Немам.
-Тогаш дај ми лична карта.
-Немам ни тоа.
-Добро, тогаш дај ми нешто со што ќе можам да те индентификувам.
Русокосата ја зема чантата и му вади огледало.
Полицаецот се огледува во огледалото и вика:
-Па што не кажеш дека си колега бе!?

Би можело да ве интересира:

Вицеви за Мујо и Хасо што ќе ве насмеат до солзи Речиси и да нема човек што некогаш не слушнал некој од вицевите за познатите Муј...
8 луѓе кои немале среќа на првиот ден на ново работно место Дали сте од оние луѓе кои баш и не ги прати среќа, туку напротив, секогаш им се ...
3 вицеви што слатко ќе ве насмеат Марика, откако го изневерила Перо, му објаснила: „Беше мрак, јас легнав да спија...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
Хит мемиња кои ќе ве насмеат до солзи (и ќе ве натераат да кажете: Така е!) Новороденчињата секогаш се најубавите бебиња за своите мајки, зарем не? Но, ајде...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg